Скопјанка вработена во бутик: Знаете ли колку е одвратно да влезете без поздрав и 5 минути пред затварање?

Една револтирана скопјанка која е инаку продавачка во бутик за женска гардероба, напиша Фејсбук статус, со кој им се обраќа на дамите кои секојдневно влегуваат во нејзиниот бутик.

„Знаете ли колку е лошо чувството кога ја затворам продавницата (работам во бутик) и едвај чекам да излезам, да ги спуштам ролетните, да се облечам, да ја затворам вратата, а влезете вие, препотентни господа, полни во себе, вообразени, без поздрав и извинување, барем?

Гледате дека затворам, а се однесувате како да штотуку започна работното време. Со оглед на тоа дека имам камери, понекогаш ќе почекам, ќе услужам, но кога ќе ве видат вас во продавницата влегуваат и други и други и така секогаш морам да останам прекувремено, поради онаа, на сите добро познато „ само да видам“.

Епа, сега практикувам, штом ќе помине последната минута од работното време им кажувам дека затворам, да дојдат следниот пат. Не е тоа важно, можам да се оправдам кај сопственикот, а и да не можам, поентата е во вашиот став, гледате дека е затворена вратата, каде сте тргнале? И уште пак се наоѓате увредени кога ќе ви кажам да дојдете друг пат. Па и ние имаме живот, тој не ни се сведува само на работа. Можеби имам автобус, свои обврски, едноставно не сум должна и чао“.

ВИДЕО: Каков бакшиш доби музичарот?

Браво мајсторе..Дечково е еден од ретките лепачи кои знае што прави верувајте го погоди песната и со јак „лепак“ ја залепи таа 500 денарка како од инает дадена.Да не објаснуваме зошто и како изгледа само погледнете го клипот и ќе ви стане јасно зошто не им е лесно на оние свирачи кои им лепат пари :

ФОТО: Новата насловна страна на магазинот GQ со Серена Вилијамс

Тенисерката Серена Вилијамс беше прогласена за жена на годината од страна на магазинот GQ. Иако досега имале навика тие титули да им ги доделуваат само на мажи, оваа година направиле исклучок па ѝ доделија на една жена.

Глумците кои биле прогласени за мажи на годините се Мајкл Би Џордан, Хенри Голдинг и Џона Хил, а секој од нив вклучувајќи ја и Серена доби своја насловна страна. 

Но, еден детаљ на насловната страна на Серена ја разбесни јавноста и магазинот се најде на мета на критики.

Имено, како што можете да видите, на насловната страна со маркер е пречкртан зборот "men" и над него е напишано "woman", но нивниот обид да бидат креативни поради еден детаљ во јавноста беше толкуван како навреда на сметка на изгледот на Серена. Станува збор за наводите кои овде се навистина непотребни, бидеќи Серена е очигледно жена.

А како што знаете, Серена за време на нејзината кариера поради исклучителниот тениски талент и мускулна градба често била нарекувана маж, па овој потег на магазинот беше непромислен.

Некои укажаа и на фактот дека ги изоставиле наводниците кога титулата ѝ ја доделиле на Гал Гадот што не им оди во прилог, но никој од овластените лица од магазинот не ја искоментирал цела ситуација.

ФОТО: Настрадаа и животните во пожарот

Според последните информации најмалку 42 лица го загубија животот во пожарите во Калифорнија, покажува новиот биланс кој утрово го соопштија службите во Америка, додавајќи дека станува збор за шумски пожар со најголем број на жртви во историјата на САД.

Уште 200 лица се водат за исчезнати а потрагата за нив се одвива отежнато.

Во некои делови штетата е толку голема што тешко е да се утврди дали има човечки жртви.

Пожарот уништил повеќе од 45.000 хектари и околу 6.453 згради.

Деили Меил објави фотографии од последиците на пожарот на животинскиот свет.

Популарно