(ВИДЕО) Во Рио насекаде голотија, вистнски спектакл

Иако Марсело Кривела, градоначалник на Рио де Жанеиро и припадник на влијателната евангелистичка црква, ги укинал 1,5-те милиони долари за парадата, и овогодинешниот карневал бил фантастичен!

Најпознатиот карневал на светот започнал во петокот во Рио Де Жанеиро, а ќе трае уште денес, иако градоначалникот пуританец се обидел да ја спречи експлозијата од сексапил.

Медиумите го нападнале Кривела дека, поради своите верски убедувања, се обидува да ја расипе најголемата забава на светот.

“Не е вистина тоа што луѓето го зборуваат, дека имам предрасуди кон карневалот”, се бранел тој и додал дека не сака на никого да му ја уништи забавата. Сепак, со денови било нејасно дали тој ќе се појави на карневалот. Се појавил, но сепак не ги предал лично клучевите на градот на кралот на карневалот, туку тоа го направил претседателот на Туристичкото биро на Рио.

Кривела е бискуп на една од најголемите и највлијателни евангелистички цркви – Универзалната црква на Кралството Божјо – а за прв човек на Рио бил избран во 2016. година. Многу евангелисти, кои го довеле на власт, се спротивставуваат на карневалот. Драмата околу предавањето на клучот на градот ја нарекол “верска догма”, па се запрашал – дали е тоа воопшто важно.

“Дали со тоа ќе се подобри образованието или здравството”, се прашал тој.

Коментар на една Босанка за кралската венчавка ги насмеа сите

Меган Маркл му кажа „да“ на принцот Хари, а раскошната церемонија ја гледаше целиот свет.

Наводно овој пар прв пат се запознал во некој клуб, за подоцна заедничка пријателка која им средила состанок на слепо.

И така Меган го својот принц се чини доста едноставно и лесно, без силни перипетија, промена на чувства кои се составен дел од врската на поголем број љубовни парови.

Тоа на доста духовит начин го опиша и една Босанка на Твитер. Корисничка со ник „Чаробна ватра“ го кажа она што многумина го мислат.

-Меган Маркл излегува во клуб, го запознава принцот, се мажи за него. Ја кога ќе излезам го запознавам Хасиб од Травник,  тој ми влетува со „што си така лута“, ми истура пиво по дизајнерската ташна, ме удира за задникот додека нарачувам покрај шанкот, а на пат накај дома штиклата ми падна во шахтата, напиша таа на Твитер.

Пред неколку дена ме повикаа од пошта бидејќи некој ми испратил пари - Мислев дека е некоја грешка...

Пред неколку дена ме повикаа од пошта бидејќи некој ми испратил пари. Мислев дека е некоја грешка, бидејќи немам никој кој би ми испратил пари, а сум и во тешка финансиска ситуација, па искрено помислив дека некој се шегува со мене.

Кога отидов, ми рекоа дека имам писмо и 3.000 долари, а јас не можев да поверувам. Го земав писмото и почнав да го читам.

Еден пријател од основно училиште кој сега живее во Америка, порано беше сиромашен како што сум јас сега.

Секогаш му давав колку што можев, делев сендвичи на половина, пиевме сокови од исто шише, ми беше како брат.

Пред 10 години се отсели во Америка, на печалба, па изгледа успеал во тоа.

На крајот од писмото пишуваше: „Брате, кога и да ти биде потребно нешто, само јави ми, знам како ти е сега и знам каков човек си кога имаш. Фала му на Бог, јас сега имам доволно и сметај го тоа како и ти да имаш. Твојот брат…“

Ни сега не можам да верувам дека после толку години се сети на мене и дека памти сè.

Изгледа дека и во овие тешки времиња се исплати да си човек. Кој би рекол…

Луѓето кои го открија прислушувањето во Македонија, номинирани за награда на Европскиот парламент

Годинашната награда е во чест на Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил.

„Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање” е мотото по кое во Европскиот парламент на 29 мај ќе биде доделена награда, која секоја година ја доделуваат парламентарни групи во оваа европска институција, јавува Макфакс.

Годинашната награда е во чест на Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил.

Meѓу номинираните се укажувачите oд Македонија (т.н. „свиркачи“) Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во МВР, кои го открија скандалот со масовното прислушување и придонесоа за промена на власта.

Номинирани се и Јан Куцијак, словачки истражувачки новинар, кој истражуваше даночни измами меѓу бизнисмени и словачки политичари, потоа Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Марија Ефимова, укажувач, која откри корупција поврзана со малтешките политичари и Рафаел Халет, укажувачот за даночна евазвија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.

Одлуката за наградата ќе ја донесе деветчлено жири, меѓу кои, членуваат истражувачки новинари и укажувачи.

Популарно