Можат ли кучињата да го заразат човекот со грип и обратно?

Оваа сезона како и секоја претходна, грипот заде замав, а луѓето се во паника бидејќи се забележани случаеви и зарази на животни со истиот вирус. Кучињата исто така многу лесно можат да се разболат. Во помалку од еден месец, во САД се пријавени повеќе од 100 лица заразени од куче.

Иако досега никогаш не се случило вирусот да премина од куче на човек и обратно, тоа не значи дека не е возможно. Кучешкиот грип е сличен на некои видови на вирус кој го инфицираат човекот и имаат идентични симптоми, вклучувајќи течење на носот, кашлица, замор и губење на апетит.

Сериозноста на кучешкиот грип може да се движи од оној без симптоми до сериозна болест која резултира воспаление на белите дробови, а понекогаш и смрт. Меѓутоа, поголемиот дел од кучињата се опоравуваат за две до три недели. Кучешкиот грип лесно се шири помеѓу другите кучиња во парковите и одгледувалиштата по пат на кашлање, кивање или допирање на контаминиран материјал. Според податоците од Универзитетот Корнел, 72 кучиња се заразени со вирус на грип во Калифорнија, 22 во Кентаки, 14 во Охајо и 1 во Мичиген.

Постојат два различни видови на кучешки грип: еден е вирусот H3N8, а другиот H3N2 – и двата се разликуваат од човечкиот вирус. Два видови се одговорни за епидемијата на кучешки грип која го зафати 1000 кучиња во Чикаго во 2015 година.

Меѓутоа, сопствениците на кучиња не треба да се грижат бидејќи за разлика од историјатот, оваа сезона не носи полоши последици, вели Ејми Глејсер, директор на Лабораторијата за молекуларна дијагностика при Универзитетот Корнел.

Степенот на смртност од кучешки грип е низок, со помалку од 10% заразени кучиња со фатален исход, според Американското здружение на ветеринари. Кучињата заразени со грип можат да заразат други кучиња во рок од 3 до 4 недели – тврдат научниците од Универзитетот во Флорида. Со цел да се спречи пренесувањето на вирусот, секое куче со дишни болести треба да се изолира од други кучиња.

“Не постои начин да се утврди дали болката што ја доживува кучето е предизвикана од грип, бидејќи респираторните заболувања кај кучињата се последица од многу причини”, објаснува Глејсер.

Исто така нема докази дека луѓето можат да се заразат од своите домашни миленичиња, но тоа не значи дека ризикот не постои. Според центрите за контрола и превенција од полести, вирусот на грип постојано се менува, а можно е кучешкиот грип да се промени со што би го заразил човекот и лесно да се шири помеѓу луѓето. Меѓутоа, Глејсер смета дека тоа најверојатно нема да се случи бидејќи кучињата имаат поинакво генетско покритие. Всушност, поголема е веројатноста дека човекот ќе пренсе грип на својот миленик отколку обратно.

“Треба да бидеме свесни дека кучињата и мачките понекогаш можат да бидат заразени од човечки грип”, вели Глејсер. Сепак, други експерти велат дека ваквите случаи се навистина ретки. Сопствениците на кучиња можат да го заштитат нивното домашно милениче од други кучиња, со тоа што ги вакцинираат против двата видови на вирусот.

Вознемирувачко видео: Куче фрлено од зграда во Тетово

На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео на кое се гледа како куче паѓа од балкон на зграда, од голема висина.

-Педесет и осумгодишниот тетовец Ѓ.З. вчера (22 март) во 18 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот од балкон на зграда во изградба на улица “Благоја Тоска” во Тетово,, спроти зградата во која тој живеел, од шесттиот кат паднало куче и набргу потоа yгинало. Кучето, според пријавеното, во објектот се обидувале да го заловат двајца тетовски пожарникари. Се расчистува и документира случајот, велат од МВР.

На видеото може да се чуе плач на кучето пред да падне од голема висина, а од зградата се слушаат гласови.

Почина вработен во скопската зоолошка, неколку часа по него угина жирафата која ја чуваше

На 44-годишна возраст почина зоо-негувателот Ристе Трајковски, познат по љубовта и негата што им ги посветуваше на жирафите во скопската зоолошка градина.

За неговата приказна и поврзаноста со жирафите пишуваше и британски „Дејли стар“.

Тажната вест брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што од Трајковски се збогуваат неговите блиски, пријатели и почитувачи.

Неколку часа по неговата смрт, угина и жирафата која тој ја чуваше во скопската зоолошка.

Видео: „Најосамениот лав на светот“ пуштен на слобода

Рубен, „најосамениот лав на светот“ кој беше затворен во зоолошка градина во Азербејџан, конечно ја вкуси слободата.

Животното старо 15 години последниве шест години ги мина сам во тесен кафез. Својот нов живот ќе го продолжи во резерват за диви животни во Јужна Африка. Ова своевидно спасување почна откако беше откриено дека Рубен е единственото животно останато во зоолошката градина по смртта на бизнисменот кој беше нејзин сопственик.

Меѓународната организација за заштита на животните – АДИ, (Animal Defenders International) со седиште во Велика Британија, покрена иницијатива за префрлање на Рубен од малата куќарка каде што го минал животот, во дивината, но на безбедно место во Јужна Африка. Авиокомпанијата „Катар ерлајнс“ помогна во тоа.

– Бевме во солзи кога Рубен излезе од кафезот, шетајќи по тревата слободно првпат во својот живот, изјави претседателот на АДИ, Јан Кример.

Поради осамениот живот последниве години, Рубен заборавил и да рика, па АДИ се надева дека за него ќе почне „нов, среќен период на слобода“, како што изјавија оттаму. 

Популарно