Недостатокот на овој витамин резултира со ерективна дисфункција

Ниското ниво на одредени витамини може да предизвика ерективни проблеми и со тоа значително да влијае врз вашиот сексуален живот. Неодамнешно истражување објавено во Италија, покажува дека недостатокот на витаминод Д, кој организмот го добива преку сончевата светлина, води кон зголемен ризик од ерективна дисфункција.

Во тестот учествувале 143 мажи со различен степен и облик на еректилна дисфункција. Скопро половина од испитаниците имале намалено ниво на витаминот Д. Само петмина од испитаниците имале оптимално количество на овој витамин во организмот.

Мажите со најтежок облик на еректилна дисфункција во просек имале 24 отсто помало ниво на овој витамин од мажите со средно ниво на еректилна дисфункција. Недоволната количина на витаминот Д го поттикнува производството на слободни радикали, т.н. супероксид јони. Тие слободни радикали ги намалуваат молекулите на азот моноксид, кои пак им помагаат на крвните садови правилно да функционираат. Резпултатот е проблеми со постигнувањето на ерекција.

Азот моноксидот им помага на крвните садови да се опуштат, што го зголемува протокот на крв низ целото тело, а со тоа и во гениталиите.

Доколку сте забележале проблеми со вашата ерекција, посетете го својот уролог и проверете го нивото на витаминот Д.

Телото испраќа сигнали месец однапред

Можеби не сте знаеле , но човечкото тело е во состојба да испрати предупредување за срцев удар неколку денови, дури и неколку недели порано, пред да се случи. Сепак, вие треба да ги знаете симптомите.

Професори од  Универзитетот ” Дјук ” откриле дека, повеќе од 60 отсто од луѓето кои доживеале срцев удар, не ги познавале добро симптомите, кои во меѓувреме им алармирале за влошената здравствена состојба. Секој четврти срцев удар по правило е “тивок убиец”. Луѓето многу често не ги знаат симптомите и на тој начин во последните пет години, алармантно е зголемена смртноста.

Најчести симптоми на оваа кобно заболување се болки во стомакот, лошо варење, замор и остра болка во грбот. Исто така, острата болка на некој друг дел од телото, освен во градите, лесно може да укаже на претстојен инфаркт. Таквите болки најчесто ги напаѓаат надлактицата, грбот, вратот , вилицата , па дури и стомакот. Сепак, пациентите обично ја игнорираат болката во мускулите, која е краткотрајна и не стравуваат дека тоа може да биде опасно за нивниот живот. Според лекарите, овие болки може периодично да се појавуваат и исчезнуваат и до еден месец пред да дојде до срцев удар.

Болката во другите делови на телото е најчест симптом за срцев удар кај жените, а поретко кај мажите. Жените честопати чувствуваат гадење и потење, кои исто така, може да се симптоми на инфаркт, особено ако тие се случуваат во комбинација со други симптоми . Ако добиете, болка во градите или наведените сиптоми се повторуваат почесто, под итно, треба да се обратите на лекар.

Извор: Самоздравје.мк

Кората од ова овошје ќе ве спаси од кашлица и болки во грлото, а еве и како…

Започна сезоната на мандарините кои се вкусно овошје кое многумина го обожаваат.

Сите јадат мандарини, но прават една голема грешка – ја фрлаат кората.

Но, всушност лушпата од мандарина е многу здрава и корисна. Постојат многу начини на кои може да се искористи, а ние ви пренесуваме еден.

Кората од мандарина ќе ве спаси од кашлица и болки во грлото, а еве и како…

Совет плус: не ги правете овие рецепти со прскани мандарини, користете само домашни, нетретирани со хемикалии.

Сомелете 50 гр кори од мандарина и ставете ги во стаклена тегла. Мелените кори прелијте ги со чаша водка или 40-постотен алкохол.

Теглата добро затворете ја и оставете ја отстои седум дена на темно место.

Потоа земајте по една лажица после јадење, а потоа јадете по една лажица мед.

Пет причини зошто треба да јадете мандарина

1. Помагаат при настинки и грип

Мандарината како и другите цитрусни овошја е одличен извор на витамин Це кој е важен за имунитетот и борбата против сезонските болести. Ги ублажува симптомите и го забрзува оздравувањето. Во стотина грама од ова овошје има 30 милиграми од овој нутрициент, што задоволува третина од дневните потреби.

2. Го топат вишокот килограми

Заради малиот удел на масти и сол мандарината се смета за нискокалорична и се препорачува да ја има на мените при диети, односно кај оние кои сакаат да ослабат. Го забрзува метаболизмот и помага за топење на масните перничиња во пределот на стомакот. Цитрусите имаат и низок гликемиски индекс кој помага во рамнотежата на нивото на шеќери во крвта, па се препорачува и кај дијабетичари.

3. Го забрзува варењето

При конзумирање мандарина не треба да се заборави на белата влакнеста коричка која го обвиткува плодот од внатрешната страна. Јадете ја, особено ако внесувате многу јагленохидрати и масти. Тој дел е полн со диетални влакна и ќе го забрза варењето на храната .

4. Го чува срцето и кардиоваскуларниот систем

Мандарината е добар изор на калиум кој го снижува крвниот притисок, говраќа ритамот на срцето и го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем. Хранливите материи во мандарините го спречуваат наталожувањето на лошиот холестерол на артериите, што може да доведе до срцев удар.

5. Природен антисептик

Во зачувување на здравјето ќе ви помогне и есенцијалното масло од мандарини, кое се смета за природен антисептик затоа што го штити организмот од некои бактерии. Придонесува за ублажување на болни грчеви во дишниот систем, а и го опушта нервниот систем, па се препорачува да се користи за тешки ситуации или ако сте под стрес.

Внимание!

Мандарината како и другите цитрусни овојша содржи доста оксалати па затоа не се препорачува кај лица склони на формирање камчиња во бубрезите или жолчката.

Пригответе гулаш на “посебен“ начин

Пивски гулаш

Потребно е:

500 гр свинско месо кртина

1 главица кромид 3-4 лажици масло

3 чешниња лук 200 мл пасирани домати

500 мл пиво 1 лажиче мелена црвена пиперка сол, бибер 1 лажиче мајчина душичка 1 лажиче власец 1-2 лажици пченкарна палента

Подготовка: – Месото исечете го на мали коцки и пропржете го на загреано масло од сите страни. – Потоа додадете ситно сецкан кромид и лук и пржете уште 1-2 минути. – Потоа додадете мелена црвена пиперка, сол, бибер, мајчина душичка, пасирани домати и пиво. – Убаво измешајте и варете на тивко околу 50 минути. По потреба ако испари повеќе од течноста додадете уште малку вода. – Пред крај на варењето додадете ја палентата. Гулашот треба да има доволно сос. – Пред да го послужите посипете го со сецкан власец.

Популарно