(ВИДЕО) Љубопитни авантуристи отворија конзерва со храна на ЈНА стара 30 години

Тимот од Јутуб каналот Кромбат го посети големиот напуштен подземен воен аеродром Жељава, кој се наоѓа на границата на Хрватска со Босна и Херцеговина.

Во емисијата, меѓу другото, тие отворија и сув војнички оброк во конзерва од времето на Југословенската народна армија. Конзервата била стара 30-на години.

На видеото се гледа што јаделе војниците на ЈНА.

Сончев и топол ден

Денеска е четврток, 19 јули 2018 година, 200-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 165 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 13 минути, а ќе зајде во 20 часот и 6 минути.

Денов трае 14 часа и 53 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 12 часот и 28 минути и нема да зајде ова деноноќие.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Во крајните североисточни делови можен е краткотраен дожд. УВ= 7 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната температура од 22 до 30 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната температура до 27 степени. 

Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси. 

Поставувањето фотографии од Грција може скапо да ве чини

Туристите кои оваа година ќе сакаат на социјалните мрежи директно да ставаат фотогрфии од плажа тоа би можело многу скапо да ги чини.

За поставување една фотографија би можеле да одвоите дури и 300 денари, доколку не користите Wi-fi.

Една фотографија на Фејсбук, Инстаграм или било која друга друштвена мрежа во Грција може да чини 300 денари  бидејќи 100 килобајта е 30 денари, а за една фотографија е потребен еден мегабајт.

(ВИДЕО) Погледот на Меланија по поздравот со Путин стана хит на социјалните мрежи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се сретна со рускиот претседател, Владимир Путин, на самитот во Хелсинки, а со него била и сопругата Меланија.

Вниманието на медиумите го привлече поздравот на првата дама на САД и Путин, односно погледот на Меланија по поздравот.

Инаку, Меланија е позната по изненадувачките промени на изразот на лицето.

Популарно