ФОТО: Автомобилот на пола, ја леди крвта

Страшна сообраќајка денеска ја зави Македонија во црно, откако згасна млад живот во Штип.

Според податоците, околу 05,30 часот во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Ауди“ со светиниколски регистерски таблици управувано од 21-годишната Б.Т. од Каратманово-Свети Николе удрило во електричен столб. Од здобиените повреди, на самото место починала сопатничката, 21-годишната В.Г. од Свети Николе, а возачот бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

Панки од „Куку Леле“ уапсен на грчка граница

Македонецот што беше уапсен при влез во Грција, а кој се барал и со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати, е Сашо Кимовски-Панки од бендот „Куку Леле“, објави НетПрес, повикувајќи се на неофицијални информации.

Според потерницата, 52-годишниот осомничен, во 2006 од два банкомати во Минхен, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.

Заедно со уште две лица со украдените податоци правеле картички – клонови и подигале пари во различни земји, предизвикувајќи штета од над 1.3 милиони евра, од кои над 200 илјади само во Германија. Мрежата била активна и во Македонија, Грција, Италија, Франција и Бугарија.

Според АНА-МПА, уапсениот бил изведен пред јавен обвинител во Солун, а во следниот период надлежниот суд ќе одлучи дали 52-годишниот ќе биде екстрадиран во Германија или не, јави претходно дописничката на МИА од Атина.

Македонец вработен во Швајцарска пошта крадел накит и мобилни од пакети

Македонски државјанин бил осуден на условна затворска казна поради тоа што крадел накит и мобилни телефон од пакети во поштата во Фрауенфелд, Швајцарија каде што бил вработен.

Ова е втор случај годинава македонски државјанин вработен во швајцарската пошта да биде осуден за кражба, откако претходно друг нашинец украл над 120.000 франци, вадејќи пари од писмата во кои Швајцарците испраќале пари за учество во лотарија во Австралија.

Во последниот случај станува збор за 27 годишен државјанин на Македонија, кој со сопругата живее во Швајцарија од 2012 година. Според обвинението, поштарот отворил околу 300 пакети во текот на летото 2016 година, крадејќи накит, часовници и мобилни телефони.

Обвинетиот, кој признал дека сторил прекршок, бил прогласен за виновен за комерцијална кражба, загрозување на безбедноста на поштата и за перење пари. Поради тоа Окружниот суд во Фраунфелд го осуди на условна затворска казна од 16 месеци која ќе стане активна ако во наредните две години направи друго кривично дело.

Тој ќе мора да плати 7.000 франци отштета на поштата, 4.300 франци за правните трошоци и 8.500 франци на адвокатот.

Од истрагата било утврдено дека обвинетиот во летото 2016 годин урл најмалку 52 предмети од пакетите, а истите ги продал за сума од 24.000 франци. Пет мобилни телефони му испратил на татко му во Македонија. Со парите платил долгови, како операција на неговата мајка. Откако бил откриен, тој поминал еден месец во притвор, а Поштата веднаш го отпушти.

Нема траги на насилстбо на телото на момчето

Утврден е идентитетот на младиот гостиварец чие безживотно тело утрово околу 10 часот, беше извлечено од водите на Вардар, меѓу селата Форино и Чегране.

Според информациите од СВР Тетово, станува збор за 20-годишниот Ј.М.

Полицијата информира дека откако неговото тело било извлечено од реката, лекар ја констатирал смртта, а првично не биле констатирани траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Популарно