Влада: Македонските граѓани сами ќе си ги платат трошоците за промена на документите

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, денеска на прес конференција, одговарајќи на прашање дали има пресметки колку државата ќе ја чини новото име, предвидено со договорот помеѓу Македонија и Грција, и кој ќе ги плати трошоците за новите патни и други документи, одговори дека граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци за менување на патните исправи и други документи, оти тие ќе се менуваат кога ќе истече нивната важност, објавува еМагазин.

„Тие трошоци ќе бидат редовните што ги имаат граѓаните при вадење на нови патни исправи“, рече владиниот портпарол, додавајќи дека за сите други трошоци се прави анализа и постои можност тие да бидат спакувани на таков начин за граѓаните да не сносат никакви трошоци.

Владата не даде одговор, што ако на пр. некои граѓани сега мораат да вадат нови документи, поради нивно истекување, на пр. пасош, чиј рок е 10 години, а промените според договорот треба да бидат завршени за 5 години.

Половина персонал заболен со морбили

Хируршкото одделение во струшката болница е затворено затоа што 50 проценти од персоналот заболел со морбили. Пациентите на кои им се потребни операции се препраќаат во Охрид или во Скопје, објави Телма.

Само минатата недела имаше 130 новозаболени од кои поголемиот дел во внатрешноста на земјата, покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје.

Од стартот на епидемијата до сега бројот на заболни во Струга изнесува 126.

Геровски: Друже Заев, се изнакупувавте луѓе со пари и ситни привилегии во овие две години

Три бесплатни совети

Друже Заев, пред да одлучиш што годе, ти предлагам прво да ги слушнеш моите три совети. Тие не се само мои, за нив зборуваат многу добронамерни луѓе. Ако советите ти помогнат, добро, должиш кафе. Ако ти одмогнат, извини, ама јас морам да си кажам…

Значи, прво што треба да сториш е да се ослободиш од сите партиски ропаци и шалабајзери, кои мислат дека функциите што си им ги доверил им следуваат затоа што учествувале во „рушењето на Груевски“, што ќе рече – по заслуга. Знаеме дека си итар, но сега е време да станеш мудар. Време е да сфатиш дека тие што се фалат дека го „рушеле“ Груевски, утре ќе те урнат и тебе. Знаеш зошто? Затоа што само за тоа и ги бива. Тие се деструктивци, способни само за рушење. А на сите нас ни се потребни луѓе способни нешто да изградат – од себе, за себе, за државата, во крајна линија и за тебе и за твојата партија.

Вториот совет е веднаш, без размислување и лажно морализирање, да се ослободиш од сите кои од непотизмот направија „етичка“ категорија, да не речам „метод“ на владеењето и на напредувањето и во СДСМ и во администрацијата. Не само ропаци и шалабајзери, туку и релативно чесни но не многу паметни луѓе, си се убедиле себеси, а изгледа те убедиле и тебе, дека имаат некакво „природно“ право сега, кога се на власт или блиски до власта, да си ги спастрат најблиските, роднините и пријателите. И сите заедно верувате дека така создавате некакво монолитно гласачко тело. Тоа е тешка глупост, премиере! Така само се создаваат кланови и се раѓа потенцијал за корупција и за криминал. За кој, на крајот на приказната, ти ќе бидеш одговорен.

Конечно, те советувам да избереш способни и чесни луѓе. Такви што не можеш да ги купиш со пари. А се изнакупувавте луѓе со пари и ситни привилегии во овие две години. Промашени инвестиции, фрлени пари се тоа, пријателе. Верувам дека во твоите семејни фирми не ги купувате луѓето на таков начин, дека не котите лојални будалетинки, туку вредни и способни работници. Инаку би пропаднале за три дена. А ако сакаш верност и лојалност, купи си куче и – нема да згрешиш.

На крајот, знај дека твојот избор сега пак ќе зборува за тебе, за твојата храброст и за твоите лични квалитети. Покажи се, друже. Ако можеш – пишува новинарот Бранко Героски во својата последна колумна.

Целата колумна на „Плусинфо

Ципрас никогаш не предложил разговори кои сум ги одбил

Експремиерот и азилант Никола Груевски преку Фејсбук му одговори на Алексис Ципрас дека грчкиот премиер никогаш не предложил разговори кои тој ги одбил. Груевски реагира на изјавата на Ципрас дека екс премиерот никогаш не сакал да преговара за промена на името.

„Во врска со изјавата за Financial Times на грчкиот премиер Алексис Ципрас, во која посочува дека јас како премиер никогаш не сум сакал да разговарам за изнаоѓање решение за прашањето кое Грција веднаш по независноста го отвори во врска со нашето уставно име, сакам да посочам дека всушност г-дин Ципрас никогаш не предложил такви разговори кои јас сум ги одбил“, пишува Груевски.

Популарно