Апасиев: Еве една БОМБА за Заев!

Професорот Димитар Апасиев, денеска на својот Фејсбук профил објави, акко што тој вели „правна бомба“ до премиерот Заев и неговите советници. Во прилог на својот статус, Апасиев прикаќи одлука на уставниот суд на Македонија од 2002 година, со која се докажува надлежноста на судот над законот за ратификација за договорот со Грција. 

- За сите оние преплатени, а боси „специјални советници“ на Премиерот кои грешно го советуваат дека Уставниот суд на РМ не е надлежен за оценување на меѓународните договори - еве им една ПРАВНА БОМБА од 2002, кога своевремено истите овие кускулиња во правото го советуваа и Љубчо Георгиевки  ;)

p.s. Уставниот суд веќе има укинато БИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР и тоа баш со Грција! И ако шверцерски го објавите Законот за ратификација на „Преспанскиот договор“ без потпис од Претседателот на Републиката, пак ќе го укине  😘

#НаЗдравјеБричењеНезнајковци

#НемојтеДаРечетеДекаНеСтеЗнаеле

#КнигиТребитЧитање

Јохан Тарчуловски побара да биде убиен ако....

И Јохан Тарчуловски како и половина од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи најави дека нема да гласа за промена на Уставот.

Јас, Јохан Тарчуловски, член на навивачката група со славно име „Комити“ од нејзиното создавање, член на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ВМРО-ДПМНЕ) од нејзиното создавање, бранител на Република Македонија за време на војната во 2001 година, што го платив со лична жртва одлежувајќи осум години во затвор по пресуда на Судот во Хаг (само и единствено поради тоа што сум го ризикувал сопствениот живот за да ја одбранам мојата, нашата татковина), обвинет што не сум го спречил македонскиот народ при неговиот влез во Собранието на 27. април 2017 година, татко на три деца и верен сопруг:

- Се колнам во Бога, во верата и во својата татковина Македонија, дека безусловно ќе го почитувам и штитам македонскиот Устав, дека нема НИКОГАШ да гласам за негово менување и без приговор ќе ги извршувам заповедите на македонскиот народ, чиј народен избраник сум во македонскиот парламент. Во противен случај, нека бидам убиен од еден од моите собраќа Македонци со револверот или камата што овде ги целивам!

ДИК: Референдумот не е за ЕУ и НАТО, туку за промена на името

Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, појаснија на денешниот брифинг од ДИК.

На новинарско прашања дали има разлика во условите кои треба да се исполнат кога референдумот е обврзувачки, од ДИК посочуваат дека има разлика, а тоа зависи за што се распишува.

Кога има задолжителен референдум потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус 1 од гласачите треба да се „за“. Тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација. Во иднина, посочуваат, кога ќе ги завршиме разговорите по поглавјата за пристап во ЕУ повторно ќе мора да организираме референдум за членство, тогаш би бил задолжителен референдум со апсолутно мнозинство, а за НАТО веќе има донесено одлука Собранието во 1993 година.

Потврдија дека молкот пред референдумот е 48 часа. Приемот на материјалите ќе биде во просториите на ДИК. Резулатите за излезноста, на денот на референдумот, ќе бидат соопштувани шест пати.

Во ДИК очекуваат во иднина да се усогласат Законот за референдум и Изборниот законик. Нагласуваат дека тие не можат да кажат дали референдумот ќе биде успешен или не, туку ДИК, велат, ги соопштува резултатите и од гледна точка на техничкиот аспект.

ВИДЕО: Граѓанин спречен да и постави прашање на Шекеринска во Аеродром

Вчера во Аеродром каде што, на референдумската кампања, беше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се случи голем скандал.

Граѓанин, беше нападнат бидејќи сакаше да постави прашање кое не им се допадна на другите присутни.

Популарно