(ВИДЕО) Жестока дебата на Михајловски и Богоевски: Може ќе има востание, ќе те прогласат за велепредавник

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи референдумот за договорот со Грција. Поради цврстиот став  дека договорот е штетен, дел од јавноста која се противи на истиот, очекуваше повикот за бојкот да дојде од најголемата опозициска партија зошто со учеството ќе се стигне до цензус и позитивен исход. Тони Михајловски, како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вели дека тие засега остануваат со овој став, но не ја исклучува можноста да го сменат.

Но, двете политички партии сè уште тактизираат за прашањето што ќе се случува по референдумот. Михајловски вели дека во случај ако граѓаните се изјаснат позитивно на референдумот, не се исклучува можноста пратениците да гласаат против договорот со Грција или евентуално тие да поднесат оставка од морални причини. Тој тврди дека сите карти се отворени.

„Верувам дека повеќето пратеници ќе ја почитуваат волјата на граѓаните. Може да се појави бунт и повеќето од граѓаните да не се согласуваат со мнозинството. Не е исклучено некои пратеници да се повлечат, па да дојдат други луѓе, да има нови избори, нови пратеници. Можно е и да се приклонат и кон волјата на граѓаните бидејќи, едноставно, народот е во право и кога греши“, вели Михајловски според кого за ова прашање ќе се одлучи на следниот состанок во партијата.

Ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во конкретниот случај на позитивно референдумско изјаснување не го поддржат договорот со Грција, пратеникот Павле Богоевски вели дека мнозинството и Владата имаат други планови, кои нему не се познати.

„Ова е решение на проблемот што вие 12 години избегнувавте да го решите поради дневнополитички поени бидејќи анкетите ви велеа така. Овој договор е чекор на решителни и храбри политичари што не се плашат да ги ризикуваат и сопствената политичка кариера и иднината обидувајќи се да понудат подобро утре за граѓаните на оваа држава. Не се губи историјата, ниту идентитетот ниту името на нашата нација, сѐ си останува и сѐ е дефинирано“, вели Богоевски на што Михајловски негодуваше.

„Лажеш, покриваш, филуваш нешто што навистина смрди од долу, и тоа толку многу што просто може да се препознае што е јадено“, рече Михајловски.

Богоевски како пратеник вели дека ќе ја понесе целата одговорност бидејќи цврсто стои зад своите ставови и со тоа е спремен да ја жртвува својата политичка кариера. Михајловски како член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека пратениците од оваа партија се категорични и нема да дадат поддршка за договорот со Грција.

„Не се сака Македонија со тоа што ќе поништите сѐ, ќе почнете од нула, ќе почнете со нова нација, нова вера, нова Библија и црква, сѐ ќе почне од вас. Ти и Љуми, веројатно, ќе бидете првите Боро и Рамиз. Овој Лешковски ќе биде Цепенков. Убаво ви е да станете. Заев ќе биде првиот премиер на Северна Македонија, колку тоа убаво звучи. Павле, Македонија се сака кога го слушаш народот во моментот. Вие го будите гневот на народот. Многу бргу, драг Павле, ќе се соочите со начинот како се сака Македонија. Со народот ќе се соочите. Тогаш ќе кажеш – е вака се сака Македонија“, му порача Михајловски на Богоевски, на што пратеникот рече дека овој став само покажува каква политика води ВМРО-ДПМНЕ.

„Такво простачко ниво, таква некултурна аргументација“, коментира Богоевски.

Михајловски договорот го смета за капитулација, за продажба на сите интереси за кои се бореле предците, а со тоа и уништување на АСНОМ. Богоевски тврди дека криминалите што ВМРО-ДПМНЕ ги правела како партија ќе се исчистат, а ова е ново поглавје, решение што ќе донесе иднина за сите.

Јохан Тарчуловски побара да биде убиен ако....

И Јохан Тарчуловски како и половина од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи најави дека нема да гласа за промена на Уставот.

Јас, Јохан Тарчуловски, член на навивачката група со славно име „Комити“ од нејзиното создавање, член на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ВМРО-ДПМНЕ) од нејзиното создавање, бранител на Република Македонија за време на војната во 2001 година, што го платив со лична жртва одлежувајќи осум години во затвор по пресуда на Судот во Хаг (само и единствено поради тоа што сум го ризикувал сопствениот живот за да ја одбранам мојата, нашата татковина), обвинет што не сум го спречил македонскиот народ при неговиот влез во Собранието на 27. април 2017 година, татко на три деца и верен сопруг:

- Се колнам во Бога, во верата и во својата татковина Македонија, дека безусловно ќе го почитувам и штитам македонскиот Устав, дека нема НИКОГАШ да гласам за негово менување и без приговор ќе ги извршувам заповедите на македонскиот народ, чиј народен избраник сум во македонскиот парламент. Во противен случај, нека бидам убиен од еден од моите собраќа Македонци со револверот или камата што овде ги целивам!

ДИК: Референдумот не е за ЕУ и НАТО, туку за промена на името

Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, појаснија на денешниот брифинг од ДИК.

На новинарско прашања дали има разлика во условите кои треба да се исполнат кога референдумот е обврзувачки, од ДИК посочуваат дека има разлика, а тоа зависи за што се распишува.

Кога има задолжителен референдум потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус 1 од гласачите треба да се „за“. Тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација. Во иднина, посочуваат, кога ќе ги завршиме разговорите по поглавјата за пристап во ЕУ повторно ќе мора да организираме референдум за членство, тогаш би бил задолжителен референдум со апсолутно мнозинство, а за НАТО веќе има донесено одлука Собранието во 1993 година.

Потврдија дека молкот пред референдумот е 48 часа. Приемот на материјалите ќе биде во просториите на ДИК. Резулатите за излезноста, на денот на референдумот, ќе бидат соопштувани шест пати.

Во ДИК очекуваат во иднина да се усогласат Законот за референдум и Изборниот законик. Нагласуваат дека тие не можат да кажат дали референдумот ќе биде успешен или не, туку ДИК, велат, ги соопштува резултатите и од гледна точка на техничкиот аспект.

ВИДЕО: Граѓанин спречен да и постави прашање на Шекеринска во Аеродром

Вчера во Аеродром каде што, на референдумската кампања, беше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се случи голем скандал.

Граѓанин, беше нападнат бидејќи сакаше да постави прашање кое не им се допадна на другите присутни.

Популарно