Мухиќ: Бришењето „македонски“ од институциите е трикот со кој се укинува македонскиот национален идетитет

Независниот пратеник од владејачкото мнозинство, Ферид Мухиќ, во дебатната емисија „Само Вистина“ ги потврди ставовите за тоа зошто договорот со Грција, кој беше поддржан од останатото валдејачко мнозинство во Собранието, значи уништување за македонскиот идентитет и нацијата. Мухиќ посочи точки во Договорот кои носат кон бришење на македонската нација. Како што самиот и кажа, со тргање на „македонска“ од  името на највисоките национални институции како што се МАНУ и Македонскиот народен тетатрар, е чист доказ дека македонската нација веќе не постои.

-Со ова Македонија свесно се обврзува да ја укине својата национална институција, таа од највисок ранг, МАНУ, но и Македонскиот народен театар. Што пречи тука? Народен – не пречи. Театар – не пречи. Што пречи? Македонски, но зошто? Затоа што македонски посочува кон нација, а нема нација. Не можеш да имаш национален театар, затоа што не постои нација. Можеш да имаш народен театар на Северна Македонија и тоа не го забележувате, а тоа е експлицитен доказ дека со ова се укинува етнички и културен идентитет на Македонците како нација а со тоа на сите други. Дефакто нема ни Албанци, ни Турци, ни Бошњаци, ни Роми.  Веќе со ова сите се само граѓани на Сверна Република Македонија, истакна Мухиќ.

Тој со ова ги негираше  ставовите на Владата кои велат дека со овој Договор се зацврснува македонскиот национален идентитет. Мухиќ вели дека бришењето на „македонски“ од институциите е трикот со кој во Договорот се негира македонскиот национален идентитет.

Мухиќ појасни дека сите академии на науките и уметностите се национални, како што е српската, хрватската, бугарската, француската и така натаму. Мухиќ рече дека со овој договор Македонија губи национална академија, а тоа е еден голем преседан.

Љубчо Георгиевски е ЗА „Северна Македонија“

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, влезе во кампањата „за“ договорот со Грција. Во рекламниот спот, тој ги убедува граѓаните да излезат и да гласаат за спогодбата од Мала Преспа.

Неговиот настап се издвојува од остатокот на убедувачите, кои главно повикуваат на вредностите од нашето членство во Европската Унија и во НАТО, пренесе Независен.

Според георгиевски ако ја испуштиме оваа шанса и следните две, три или повеќе децении ќе се викаме Поранешна југословенска република Македонија.

ЈАНЕ ЗАКРЕПНУВА ПО ОПЕРАЦИЈАТА ВО ПАРИЗ: Еден ден и јас ќе играм фудбал

Десетгодишниот Јане Велковски, чија приказна за фудбалската љубов го обиколи светот, вчера се оперираше во Париз.

Јане, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА), операцијата на ‘рбетот ја поднел добро, и се очекува брзо да закрепне и да се врати на училиште, не информираше неговата мајка, Деница Велковска.

Јане со фудбалерот Бобан Николов на натпреварот Македонија- Ерменија

“На Јане му правеа операција на ‘рбетот, му ги менуваат шипките што му го држат исправен. Првите, помали шипки му ги ставија во 2015 година, и му ги продолжуваа на секои шест месеци. Сега тој е пораснат, и требаше да му стават поголеми. Шипките се викаат MAGEC growing rods, а начинот на операција е најнеинвазивна метода кај деца кои се во раст и во развој. Се продолжуваат со магнет однадвор, за разлика од други методи каде што мора да се продолжуваат со отварање, класичен хируршки зафат на секои шест месеци. Јане е добро, операцијата полесно помина од првиот пат, и се очекува побрзо да закрепне“, ни изјави Деница Велковска.

Пред два дена, УЕФА го промовираше новиот спот видео од проектот „Equal game“, кој започнува токму со Јане. Петтооделенецот од улилиштето “Димитар Поп-Георгиев Беровски“, веќе подолго време е заштитен знак на УЕФА. Во спотот, освен Јане се појавуваат и светски фудабалски ѕвезди како Роналдо, Меси и Погба. Видото започнува со гласот на Јане кој е голман, на неговото маалско игралиште во населбата Хром, со другарите од населбата.

Јане го отвара новиот спот на УЕФА

„ Златното момче Бобан Николов и Јане ве чекаат на натпреварот Македонија- Ерменија! Другари- заедно на терен, за сега на кратко, а еден ден можеби и ќе заиграат заедно“, напиша Деница пред фудбалскиот натпревар на 9 септември.

Приказната за борбата на семејството Велковски почнa од оној момент кога ги добиле анализите и му била откриена болеста на Јане. Тогаш, мајката Деница и нејзиниот сопруг Ѓорѓи си ветиле дека на своето дете ќе му обезбедат сѐ што можат за и тој, како и другите деца да има среќен живот.

„ Бевме во голем шок, и требаше време да се надмине, да се соочиме со вистината и да застанеме пред предизвикот. Пребарувајќи на интернет, гледавме да останеме фокусирани на информациите со препораки за нега, сочувување на добрата состојба и што е можно повеќе пролонгирање на прогресот на болеста. Читајќи ги американците кои се лидери во сето ова, си земавме примери кои ни даваа надеж дека ќе успееме. Си ветивме дека ќе му обезбедиме на Јане она што има едно американско семејство со дете со СМА тип 2 за среќен и квалитетен живот. Тоа беше најтешкото нешто што сме го направиле, веднаш по тежината на борбата за лекот“, ни раскажа Деница.

Јане стана миленик на народот поради својата мила ѕвезда, уште од кога за прв пат се појави во медиумите .Тој беше придружба на фудбалската репрезентација на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни лани. Со своето семејство, од 12 до 15 март му беше гости на познатиот светски фудбалер Пол Погба, кој е негов голем идол. Сонот на Јане се оствари откако во живо го проследи натпреварот на „Манчестер јунајтед“ против „Севиља“ на „Олд Трафорд“, а добредојде му посака лично Погба.

Борбата на Деница и на нејзиното семејството, тој и уште шест дечиња кои боледуваат од спинална мускулна атрофија (СМА) да го добијат лекот „спинраза“ се исплатеше. На крајот од март, од здружението СТОП СМА Македонија, информираа дека лекот ќе стане достапен и во Македонија, а Владата ќе одобри средства за негово набавување.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

ДИК нема да го прогласи референдумот за успешен или не - Собранието ќе си решава по своја желба

На вчерашниот брифинг со новинарите, членовите на ДИК кажаа дека на референдумот на гласање треба да излезат половина од запишаните избирачи плус еден и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, велат од ДИК.

Од ДИК велат дека има разлика помеѓу консултативниот и обврзувачкиот референдум.

За задолжителен, обврзувачки референдум потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус 1 од гласачите треба да се „за“. Според Уставот тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација.

Од ДИК велат дека кога ќе завршат преговорите за членство во ЕУ, во Македонија ќе треба да се распише уште еден референдум за членство во Унијата и тој мора да е задолжителен. За членство во НАТО Македонија веќе донесе одлука во Собранието во 1993 година.

Од ДИК велат дека на 30. септември односно 1.октомври ќе се соопштат само техничките резултати, а референдумот нема да биде прогласен за успешен или неуспешен.

Од ова произлегува дека за консултативниот референдум распишан за 30 септември правилото 50%+1 глас не важи, односно ДИК по пребројување на гласовите не може да прогласи дали изјаснувањето на граѓаните успеало или не и дека таа задача очигледно ќе остане на политичарите.

А во тој случај се отвора голем простор за тоа што може да биде успешен, а што неуспешен. Односно дали е успешен ако има цензус без разлика на тоа кој за што гласал, или пак успешен е и ако нема цензус, ама повеќе гласови има „за“.

Во тој случај, кога консултацијата со народот ќе се прогласи за успешна (без цензус), владини претставници веќе најавија дека тоа значи дека претставниците на народот, Собранието и Владата, ќе мора да ја донесат конечната одлука. А за тоа, за уставните измени како еден од условите на Спогодбата со Грција, потребно е двотретинско мнозинство во Собранието.

Популарно