Начинот на кој најверојатно ќе си ја упропастите врската според хороскопскиот знак

Не можеме да го обвинуваме хороскопскиот знак за секоја ситница, но кога се врските во прашање, многу поедноставно е да се каже дека за сè е виновна некоја виша сила. Вака хороскопските знаци најчесто ја уништуваат својата врска…

Овен

Овните ќе направат сè за својот партнер, но проблемот настанува кога ќе почнат да го очекуваат истото за возврат. За жал, најчесто не го добиваат тоа, поради што чувствуваат дека партнерот не ги цени доволно.

Бик

Биковите ја обожаваат рутината, бидејќи така се чувствуваат сигурно. За жал, во врските, на другата личност тоа најчесто и’ станува здодевно.

Близнаци

Тешко е да се смета на нив, бидејќи постојано се премислуваат, а кога ќе се скараат со партнерот, Близнаците многу често градат ѕид околу себе и стануваат недостапни за разговор.

Рак

Раковите се вљубени во љубовта, па често знаат да бидат премногу интензивни во врските и да ја исплашат другата личност.

Лав

Лавовите се премногу горди за да бараат помош, па затоа ги уништуваат сопствените врски. Попрво ќе се откажат од сè отколку да прифатат помош и заеднички да работат на проблемот.

Девица

Девиците сакаат да ги прават работите на точно одреден начин, но секоја отстапка од нивните правила ги фрустрира, па честопати стануваат многу напорни партнери.

Вага

Вагите сакаат кога сите работи се во рамнотежа, а поради тоа честопати имаат проблем со донесувањето конкретни одлуки. Караниците поради неодлучноста се почеток на крајот на врската со Вагите.

Скорпија

Скорпиите многу тешко се вљубуваат поради што честопати ја уништуваат врската уште пред да ја започнат. Еднаш кога ќе се заљубат, тоа е сосема друга приказна, но дотогаш градат ѕидови околу себе и не пуштаат никого внатре.

Стрелец

За Стрелците проблем е нивната потреба за лов, па затоа иако се во квалитетна врска, тие честопати се обидуваат да го уловат тоа што го немаат.

Јарец

Јарците целосно се посветуваат на луѓето кои ги сакаат, но за жал не можат да го прават тоа со сите оние кои им се во близина. Поради нивниот затворен карактер, Јарците делуваат ладно и незаинтересирано во друштво на семејството и пријателите на нивниот партнер.

Водолија

Водолиите само треба да бидат оставени на мира и да добијат прилика да бидат малку сами. За жал, нивната потреба за самотија на другите им делува како незаинтересираност, поради што имаат проблеми во врските.

Риби

Една од најчестите причини за развод се парите, а на Рибите многу лошо им оди со пари. Не знаат да располагаат со нив, поради што честопати имаат несогласувања во врските.

Хороскопски парови кои истрајуваат дури и кога ќе стане тешко

Хороскопските парови кои секогаш преживуваат се тука еден за друг дури и во тешки времиња. Нивната врска е силна и поради довербата и искреноста што ја имаат.

Што и да се случи, тие ќе бидат тука да се поддржуваат еден со друг.

Овие хороскопски парови го имаат целиот потенцијал да ги надминат сите тешкотии. Кога еден од нив не е во најдобра состојба да се соочи со проблеми, тогаш другиот презема иницијатива и го покрива во се.

Хороскопски парови кои секогаш траат

Рак и Јарец

Ова е многу силен пар. Немојте да ве залажува фактот дека Ракот како личност е почувствителен или попридушен. За неговото семејство и оние што ги сака, тој станува повеќе од само карпа и може да направи се. Може да ги придвижи и земјата и небото, да помогне и поддржи. Од друга страна, Јарците се многу силни, па не им е тешко да му помогнат и да го поддржат Ракот, но и да го негуваат и да направат се што треба за да излезат посилни од целата ситуација.

Лав и Овен

Нивната сила во заедницата е неизмерна. Тоа се две личности кои по природа се лидери. Тие се многу силни карактери, но успешно примаат удари. Што и да се случи во животот, другиот ќе биде многу среќен да му помогне, да го поддржи и да стане негова карпа додека не се надминат сите пречки и проблеми. Знаат што да прават и му даваат на другиот онолку време колку што му е потребно за да застане на нозе.

Вага и Девица

Ова е пар кој навистина ќе стои еден до друг до крај. Тоа е во исто време карпа која е потпора и мирно пристаниште каде што можат да бидат во мир. Вагите секогаш го поддржуваат партнерот и им помагаат во се. Тие се грижат за нивната општа благосостојба и ако тоа е добро, и Вагите ќе бидат добри. Во тешки времиња, тие ќе чекорат напред и ќе преземат иницијатива. Од друга страна, Девиците даваат и им служат на луѓето. За неа поддршката на партнерот е се. Во спротивно тоа би го сметала за предавство, па не би ни зборувала за тоа.

Ова се двата најинтелигентни хороскопски знаци

Без разлика дали сте авторитетен Овен или грижлив Рак, секој хороскопски знак има свои најпривлечни квалитети. Овие астролошки читања можат да предвидат сè, од вашата романтична компатибилност до вашето здравје.

Но, кога станува збор за интелигенција, кој знак го презеде тронот?

Имено, Водолијата и Скорпијата се најпаметните хороскопски знаци, велат астролозите, но поради две сосема различни причини.

Луѓето родени во знакот Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивните способности и коефициентот на интелигенција.

Скорпиите, од друга страна, имаат попребирлив ум; тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.

Тоа не значи дека другите знаци не се интелигентни на свој начин. Всушност, Близнаците и Вагата имаат и многу когнитивни способности, додека Ракот и Рибите се емотивно најинтелигентни; со други зборови, тие се одлични во препознавање и судење на сопствените и туѓите чувства.

Од друга страна, земјените знаци Бик, Девица и Јарец покажуваат практична интелигенција, а огнените знаци Овен, Лав и Стрелец имаат тенденција да бидат најинтуитивни, што ги прави повеќе склони кон ризик.

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Популарно