Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани

Ако се одлучите да летувате во Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија добро е да ја знаете оваа информација.

За да добиете здравстевно лекување во овие земји единствен услов е да имате двојазичен образец за здравствено осигурување издаден од подрачните на ФЗОМ. Доколку го имате овој документ за непоходни здравствени услуги ќе бидете третирани како и осигурениците на земјаата во која престојувате.

Се што треба да направат нашите осигуреници е пред патувањето во странство да се јават во подрачните служби каде ја поднесуваат пријавата за задолжително здравствено осигурување и пополнуваат барање за двојазичен образец кој важи и за студиски престој, привремено стручно усовршување или школување.

За да го добијат образецот, граѓаните мора да достават потврда од матичен лекар дека се здрави, а за жените и од гинеколог. Потоа треба да добијат мислење од лекарската комисија во Фондот, процедура која според надлежните може да биде завршена во еден ден.

За Иванов сме Република Македонија

На Интернет страницата на претседателот Ѓорѓе Иванов сеуште стои дека е Претседател на Република Македонија иако денеска истекува последниот ден за промена на името на државата во Северна Македонија  на сите дигитални записи логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страници, медиуми кои произлегоа  од договорот од Преспа.

Засега нема одговор дали името ќе се смени на страната на Иванов.

Филипче: На 20-годишна девојка и е згмечена ногата!

Министерот Венко Филипче денеска ги посети повредените од автобуската несреќа и изјави дека во текот на денот треба да се изврши хируршка интервенција на млада девојка која е хоспитализирана на КАРИЛ со тешка повреда на ногата, а постои можноста ногата да и биде ампутирана.

- Се одлучува како ќе се продолжи третманот, ногата е згмечена и постои можност да и биде ампутирана. Конзилијум од доктри одлучува што ќе се прави, рече Филипче

Четворица од пациентите хоспитализирани на скопските клиники се во тешка состојба, а двајца се вклучени на респираторни машини. Имаат повреди на главата, но во моментов, не е потребна хируршка интервенција. Другите повреди се на градниот кош и на стомакот. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се наоѓаат осум пациенти, од кои четворица се на Клиниката за анестезија, еден на Трауматологија, еден на Неврохирургија, трудницата на Клиниката за гинекологија е во добра состојба, а еден е хоспитализиран на Торакална хирургија.

Во Градската општа болница „8 Септември“ се наоѓаат 28 пациенти, а шест пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Синоќа биле оперирани 14-годишно момче и 40-годишен маж. Како што информираше директорот, Христијан Костов, интервенцијата им била извршена откако било констатирано дека нивната состојба е влошена поради губење крв.

- Кај оперираното момче беше утврдена повреда на црниот дроб, сега тоа е санирано, додека кај 40-годишниот пациент повреда на тенкото црево, по што е направена ресекција. Тие сега дишат сами и нивната состојба е сосема добра. Двајца од пациентите се на респиратор уште првиот момент на пристигнување, имаат доминантна повреда на мозокот и коските на лицето. Кај едниот има и контузија на белите дробови. И двајцата се политрауматизирани, едниот е во доста лоша состојба, но времето ќе покаже. За сега интервенција не е потребна, рече Костов и додаде дека во моментов нема потреба од нови залихи на крв.

Најчевска: Не гласам за СДСМ - ако треба Груевски нека се врати!

На еден од најгласните поддржувачи на СДСМ и активен учесник во шарената револуција, професорката Мирјана Најчевска и пукна филмот поради партиските вработувања во ЕЛЕМ и непотизмот со децата на пратениците од власта кои добија вработувања во јавната администрација. Имено Најчевска ги нарече оние кои се дел од актуелната власт, апаши и им порача дека нема да гласа за нив, додавјќи дека макара тоа значело дека Груевски ќе се врати на власт.

-Безобразни манипуланти.

ВООПШТО НЕ Е ПРАШАЊЕТО ДАЛИ СИНОТ НА ГОСПОЖАТА МИНИСТЕРКА, ПАРДОН ПРАТЕНИЧКА ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ ДАДЕНИ ВО КОНКУРСОТ.

ПРАШАЊЕТО Е ЗОШТО БАШ СИНОТ НА ГОСПОЖАТА МИНИСТЕРКА, ПАРДОН, ПРАТЕНИЧКА Е ИЗБРАН?

ДОКОЛКУ ИМАЛО ЕДЕН ЕДИНСТВЕН КАНДИДАТ КОЈ НА ЕДНАКВО НИВО ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ, ТРЕБАЛО ДА БИДЕ ИЗБРАН ТОЈ ДРУГ КАНДИДАТ, А ДОКОЛКУ ИМАЛО НЕКОЈ КОЈ ВО НЕШТО (МАКАР И НАЈМАЛОТО НЕШТО) БИЛ ПОДОБАР, ТОГАШ ТОЈ КАНДИДАТ МОРАЛ!!!!!!! ДА БИДЕ ИЗБРАН.

СЕ РАЗБРАВМЕ?

ИЛИ И ПОНАТАМУ ЌЕ НЕ ПРАВАТ БУДАЛИ НА ЗДРАВ МОЗОК.

АЈ СИКТЕР БЕ СИТЕ АПАШИ ОД СИТЕ ПАРТИИ. СИМНЕТЕ СЕ ОД ГРБАЧАТА НА ГРАЃАНИТЕ.

НЕМА БРЕ НИ СЛУЧАЈНО ДА ГЛАСАМ НА НАРЕДНИТЕ ИЗБОРИ. МАКАР ТОА ДА ЗНАЧИ И ВРАЌАЊЕ НА ГРУЕВСКИ.

Популарно