Претседател на Градското собрание почина во рацете на сопругата

Владан Марковиќ Чедо (43), познат претприемач и претседател на СНС на Градското собрание во Ужице, Србија, починал во средата вечер, најверојатно поради каснување од инсекти, но семејството не е сигурно дека тоа е причина за трагедијата, бидејќи, како што велат, нема видливи убоди.

Смртта настапила додека тој бил на својот имот во селото Злодол, а Марковиќ берел малини, пишува „Вечерни новости“

„Околу 19 часот тој тргнал дома со сопруга и снаата, забележал дека прасињата излегле надвор од оградата, па со намера да ги врати назад, останал подолго на ливадата, а тогаш се пожалил дека нешто го каснало.

во 19 часот и 20 минути екипа на Брза помош се упатила кон селото, но било предоцна. Пробале да го реанимираат, но за жал не можеле да му помогнат“ раскажал директорот на домот за здравство.

На околу 50 метри од куќата Владан побара чаша вода и се пожалил дека во пределот на главата најверојатно го каснала оса, гледав по телото но не можев да воочам убод. Потоа седна на земја и почна да му се менува лицето и се онесветил, рекла тетката на починатиот.

„Не знам од што почина брат ми, додека го спремавме телото за погреб не видов никаков убод, не виде ни екипата на брзата помошпобараа обдукција но ние не дозволивме, раскажал братот на починатиот.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно