Како да се ослободите од стриите и како да ја спречите нивната појава?

Стриите се проблем со којшто се соочуваат речиси 90% од жените по бременоста, а можат да се појават и кај мажите и тинејџерите. Многумина ги гледаат како проблем и сакаат да се ослободат од нив. Ако и вие спаѓате во оваа група, следниве совети ќе ви помогнат во тоа.

Што се стрии и кај кого се појавуваат?

Стриите настануваат кога кожата е развлечена од брзо растење или растегнување. Поради ова можат да се формираат и лузни. Покрај бремените жени, стриите се појавуваат и кај други луѓе:

Тинејџери кои нагло пораснале во текот на летото

Атлети кои се многу физички активни

Бодибилдери кои често ја менуваат телесната тежина

Луѓе кои користат стероиди

Луѓе кои нагло ослабеле

Луѓе кои нагло се здебелиле

Луѓе кои направиле операција за зголемување на градите

Луѓе со тенка кожа

Луѓе со генетска предиспозиција

Луѓе со проблеми со хормоните

Продукти кои ги спречуваат, но не ги лекуваат веќе настанатите стрии

Најпопуларните продукти кои тврдат дека ќе ви помогнат да се ослободите од стриите најчесто се маркетиншки трик. Ако сакате да ја спречите појавата, овие продукти ќе ви помогнат, но ако мислите дека ќе се ослободите од лузните кои сте ги имале претходно, се лажете.

Специјалните креми и лосиони се само обични креми за навлажнување и не можат да ги отстранат стриите од кожата.

Козметичките продукти што содржат третиноин, колаген и хиалуронска киселина нема да ви помогнат да се ослободите од стриите и покрај активните супстанци.

Маслата (кокосово, бадемово, маслиново, со витамин Е и други) нема да ги отстранат стриите дури и ако редовно се масирате со нив.

Медицинските тревки како алое вера не можат да ги отстранат стриите.

Ефективен метод

За жал, не е возможно да се ослободите од стриите. Но ова не е лошо бидејќи тие немаат никакво влијание на вашето здравје. Сепак, ако не ви се допаѓа нивниот изглед можете да ја намалите нивната видливост и тоа со триење и пилинг. Пилингот со кафе, мед и шеќер може да помогне. На овој начин ќе го отстраните горниот слој од лузните, па стриите сè повеќе ќе наликуваат на здрава кожа и ќе бидат речиси невидливи.

Сигурни професионални методи

Се разбира, можете да добиете одлични резултати со помош на козметичар или хирург. Има многу методи кои ја користат модерната технологија за ослободување од стриите.

Пилинг: За разлика од пилинзите направени од природни компоненти, во овој случај се употребуваат агресивни хемиски супстанци. Во повеќето случаи се користи и локална анестезија.

Микродермоабразија: Ова е болна процедура бидејќи се отстрануваат неколку слоеви од епидермисот со помош на кристали на алуминиум оксид. Методот ја присилува новата помлада кожа да расте побрзо.

Ласер: Ласерската терапија е еден од најновите и најефикасните методи. Ласерот ја отстранува кожата и има влијание на подлабоките слоеви. Понекогаш процедурата се изведува со локална анестезија. Добро е што овој метод не е многу скап и речиси и да нема несакани ефекти.

Пластична операција: Понекогаш луѓето го одбираат овој метод за отстранување на оштетената кожа и заменување со поздрава. Овие операции се навистина скапи и периодот на заздравување може да трае и до 8 месеци. Покрај тоа може да ви останат лузни од операцијата.

Мезотерапија: Во инјекциите за мезотерапија има многу корисни супстанци како хиалуронска киселина и витамини. Ова е одличен метод за спречување на појавата на стрии и е многу поефективен од кремите и лосионите со исти супстанци.

Креативно решение

Денес можете да ги покриете стриите и со тетоважи. Сепак, во некои случаи не треба да го правите тоа.

Ако стриите се нови и виолетови, најдобро е да почекате. Во спротивно тетоважата може да се оштети. Имајте на ум дека добриот тату артист нема да се согласи да тетовира врз нови стрии.

Немојте да се тетовирате додека доите. Се препорачува да чекате барем 1 година.

Немојте да се тетовирате ако планирате да имате дете во иднина. Во текот на бременоста може да настанат нови стрии кои ќе ја оштетат тетоважата.

Можете да се тетовирате ако:

Лузните се стари и имаат бела боја.

Сте биле бремени, но веќе сте ослабеле и сте се вратиле во форма.

Не планирате да имате повеќе деца.

Магичен начин

Бразилскиот тату артист Родолфо Торес смислил уникатен начин за прикривање на стриите. Тој користи боја што е најслична до онаа на кожата на клиентот и со неа ги покрива стриите. Со овој трик тој покрива и темни кругови под очите и слични проблеми.

Како да ја спречите појавата на стрии?

Ако веќе имате стрии, важно е да знаете како да го ја спречите појавата на нови.

Во вашата исхрана треба да се вклучени сите неопходни витамини и елементи. Повеќето од нив влијаат на еластичноста на кожата.

Пијте многу вода. Еластичноста на кожата зависи од нејзината влажност.

Внимавајте на вашата тежина. Немојте да се дебелеете или слабеете нагло.

Ако спортувате, не обидувајте се да постигнете брзи резултати.

Навлажнувајте ја и грижете се за вашата кожа. Ако немате лузни, лосионите, маслата и кремите се одлични. Ако ги нанесувате со масажа, вашата кожа ќе биде поздрава и поеластична.

Прифаќање

За разлика од повеќето луѓе кои мислат дека стриите се ужасни, многу луѓе сакаат да нè убедат дека стриите всушност се убави. Шпанската артистка Синта Торт Картро решила да ја нагласи оваа убавина со боја и четка. Нејзиниот Инстаграм профил е полн со жени кои биле доволно храбри да го покажат овој недостаток, а артистката им помага да се сакаат уште повеќе.

Артистката Сара Шакил од Пакистан се прослави со нејзината идеја да ги претвори стриите во светкави линии.

Некои модерни брендови за облека исто така имаат свој придонес во ова движење и најмуваат модели кои не ги исполнуваат популарните стандарди за убавина. Нивните рекламни кампањи кажуваат дека стриите се убави и нема потреба да ги криете.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно