Државата од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници

Од 1 јануари идната година ке бидат затворени сите спортски обожувалнци во Албанија. Оваа е одлука на Владата во Тирана која веќе го изготви и амандманот на Законот за игри на среќа со кој дефинитивно нема да има место за активности на спортските обложувалници.

Исто така ново е и тоа дека се затвораат сите локали за електронски игри на среќа кои сега се на главните улици во градовите во Албанија и ќе бидат достапни само тие во хотели кои имаат пет ѕвездички  и се лоцирани надвор од градските средини.

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека „од почетокот на идната година нема да има ниту едно место каде ќе има активност на спортските обложувалници“  и притоа побара од медиумите во земјата да престанат со рекламите посветени на обложовалниците и електронските казина.

Албанскиот премиер рече дека во изминатите пет години во Албанија видно е зголемен бројот на игрите на среќа како резултат на политиката која вледеела кога Социјалистите на Рама беа во колиција на Движењето на Социјалистичка интеграција на актуелниот претседател на државата Илир Мета.

-Се виде дека оваа појава не оди во прилог на народот и државата – рече Рама .

Според албанските медиуми голем е бројот на албанците кои секојдневно учествуваат во игрите на среќа, а особено од оние категории кои имаат социјални проблеми .

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно