Тага во регионот: Прваче почина за време на настава

Ученик во прво одделение во Основното училиште „Зенеј Хајдини“ во село Рајница кај Прешево, 6-годишниот Ф.Ј. починал вчера за време на настава. Според зборовите на наставничката Ифета Ибрахими, момчето на почетокот на петтиот час само одеднаш паднало од столчето.

-Детето не се пожали дека нешто го боли, а никому не му е познато дека имало здравствени проблеми. Кога падна од столчето го кренав и повикав помош. Брзо го однесовме на лекар - рекла наставничката.

Шукри Имери, директор на училиштетот кажал дека докторите 20 минути се обидувале да го реаниимираат, но можеле само да констатираат смрт.

Директорот додал дека момчето било покрупно и повисоко од останатите деца и дека во текот на денот не се жалело на тегоби. Обвинителката од Врање, Данијела Трајковиќ  поттврдила дека момчето починало поради проблеми со срцето.

На телото на момчето немало повреди. Со оглед на тоа дека починало природно, родителите не сакале да се врши обдукција.

Охриѓанец ќе одговара пред полицијата за пост на ФБ

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишниот Р.Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 04.04.2019 година на социјалната мрежа ,,Facebook”, преку неговиот профил ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација или насилство, кон одредена група, претставници на една политичка партија.  

Со џип се обидел да пpeгази полицajци

Жител на тетовското село Доброште вчера околу 19 часот се обидел да пpeгази полициckи службеници, кои го затекнале на земјен пат во шумскиот предел, кога се обиделе да го запpaт за извршување контpoла.

Возачот продолжил со управување на возилото, ја зголемил брзината и избeгaл. Како што соопштија од полициjaта од СВР Тетово, возилото во доцните часови било пронајдено натоварено со дрва и моторна пила.

-Вчера околу 19 часот, на земјен, шумски пат за тетовското село Доброште, патрола од Полициckaта cтaницa за граничен надзор Рогачево забележала џип „УАЗ“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 61-годишниот А.А. од Доброште.

На дадениот знак џипот не застанал и продолжил со движење, потоа свртел и се упатил кон полициckите cлyжбeници, а кои веднаш се тргнале наcтрана за да не бидат удpeни и при тоа испykале предупредувачки kyршум во воздух, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Шеесет и едногодишниот човек во текот на ноќта е лишeн oд cлoбoдa и задржан во Полициckaта станица Тетово.

Ова е идентитетот на петте лица кои загинаа во сообраќајка во Драчево

На булеварот „Борис Трајковски “ во Скопје, вчера во 23: 40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот М.Ј. од Скопје и патничко возило „Рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ј.Л. од Скопје.

-Во незгодата возачот Ј.П. и сопатниците возилото „Рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција, информираат од МВР.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција. 

Популарно