„Катимерини“: Нови проблеми поради „Преспанскиот договор“

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, на повидок се нови конфликти во грчката влада, пишува грчкиот весник Катимерини.

Оваа теорија се појави по предупредувањата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека нема да толерира несогласувања во врска со прашања од национален интерес и по гласањето за почеток на процедура за уставни реформи во македонскиот Парламент.

Ципрас му честиташе на својот македонски колега, Зоран Заев, за, како што рече, постигнување важен чекор во заедничкиот успех и прифаќање на предлог на Владата за измени  на Уставот, според кои, името на државата се преименува во Република Северна Македонија.

Потоа на Твитер се огласи и коалициски партнер на Ципрас во Владата, министерот за одбрана на конзервативната партија Независни Грци Панос Каменос, кој напиша:

„Кој би помислил дека во европскиот систем на вредности и демократијата, оние кои не гласаат по наредба ќе бидат уапсени, а послушните за гласањето добијат бонус во висина од два милиони евра „валкани пари”. Се срамам“.

Со овој твит Каменос само ги потврди сомневањата дека некои од пратениците на македонската опозиција добиле пари за да го променат ставот за владината иницијатива за уставни измени, за што се шпекулираше во македонските медиуми.

„Катимерини” и забележува дека Ципрас пораката ја напишал на англиски јазик, а Каменос на грчки јазик.

Со оглед на тоа дека интернет комуникацијата нема јазични бариери, весникот наведува дека оваа порака на грчкиот министер пристигна брзо до портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски, кој го обвини Каменос дека „шири лажни и непроверени информации”.

Според “Катимерини”, Ципрас би требало да сфати дека поделбите во домашната политика се неизбежна и дека тие се одразуваат на стратешките национални интереси на земјата.

Весникот, исто така, наведува дека Ципрас треба да разбере и да влијае на изјавите на Каменос кои можат да влијаат на домашната политичка сцена.

Неговото обвинение за поткуп на македонски пратеници поради негативните политички интереси е тема во која грчката јавност брзо ќе се пронајде, а во грчките кафеани ќе се прашуваат: „Колку наши пратеници ќе гласаат за договорот од Преспа”.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно