Никола Тодоров го нарече Мицкоски секташ!

Со ставот ококу исклучувањето од ВМРО-ДПМНЕ, на фејсбук се огласи сега веќе поранешниот член на партијата Никола Тодоров.

Денот на Македонската револуционерна борба, за мене ден на ВМРО, оваа 2018 година го дочекав со голема тага и разочараност. Но, не од фактот што е даден предлог за мое исклучување од партијата на која и го посветив мојот живот и мојата младост, на која со мојата напорна работа, многу самoжртва и посветеност заедно со соборците од општинските, месните комитети и кимовите, и донесовме многу победи и причини за славење. Не, тоа не е причината за мојата разочараност, бидејќи знам дека не ме исклучија и не можат да ме исклучат од мојата партија. Ме исклучија од трансформираната фракција на ВМРО, трансформирана во Анти-западна, Анти - ЕУ и Анти-НАТО фракција, управувана од луѓе кои се водени и заробени од сопствената суета и кои практикуваат застарени методи на политичко дејствување наметнато од старите удбашки структури кои се уште се поклонуваат на туѓи антимакедонски и антизападни пропаганди и интереси. Во таква антиреформска, антизападна, недемократска и антимакедонска фракција на ВМРО јас не се пронаоѓам. Затоа, сакам да им се заблагодарам што со овој чекор ме спасија од срамот да бидам дел од нивната секташка фракција.

ВМРО преживеала и поминала многу, ќе ги преживее и нив. За разлика од нивната фракција, мојата партија ВМРО-ДПМНЕ е Европска, модерна, центар-десна партија, во која искрено членуваат македонски родољуби, интелектуалци, работници, домаќини луѓе, народот. Македонскиот народ. Напатениот и илјада пати злоупотребениот и изневерен македонски народ. Во мојата ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата е со ограничен мандат, не повеќе од 8 години(два мандата), унијата на жени е почитувана организација која обезбедува целосна рамноправност помеѓу мажите и жените во управувањето со партијата со најмалку 40% учество на сите нивоа на управување, од конгресот на партијата па до секој КИМ. Во мојата ВМРО-ДПМНЕ постапката за избор на нов претседател на партијата почнува најмалку 9 месеци, а најмногу 1 година пред истекот на мандатот на актуелниот претседател, со далеку поголем број на делегати и со сериозно поголема застапеност на УМС,

УЖ и Унија на ветерани на конгресот, и со поголема партиципација на општинските комитети, односно со делегирање на 1 делегат на секои 250 членови. Општинските комитети самите ги бираат делегатите, бидејќи е нелогично и недемокртски нив да ги поставува претседателот на партијата, а тие потоа да го бираат него. Во мојата ВМРО-ДПМНЕ УМС има најмалку 3 претставници во ИК, и е евро-атлантски ориентирана(како што и беше, а знам дека и сега е). Унијата на ветерани е мудроста и чувар на вистинската вмровската доктрина и е застапено со тројца преставници во ИК. Поранешниот претседател не може веднаш да биде прогласен за почесен, туку тоа може да се направи по најмалку 8 години по неговата смена. Во мојата ВМРО, забранет е непотизмот и забрането е раководството од ОК и ИК да си ги вработат сите роднини во државната администрација, или да си ги постават на високи партиски или државни функции. Мојата ВМРО-ДПМНЕ не е изолирана партија. Како што кажав мојата ВМРО-ДПМНЕ е европска, модерна, центар-десна политичка партија. И јас сум сеуште со срцето и душата во ВМРО-ДПМНЕ и никој, никој не може да ме исклучи од мојата партија.Семејството, државата и партијата ми се најважните.

Почна увидот за пожарот во Универзална сала

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар.

Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај.

Во текот на вчерашниот ден, во рамките на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник.

Бидејќи се уште трае фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување.

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. 

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. 

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ. 

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата. 

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.

Како што соопштува МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р Бугарија.

- Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата, соопшти МВР.

Популарно