Зошто не треба да го пиете утринското кафе на празен стомак?

Изминатите години живеевме во заблуда мислејќи дека доволна физичка активност во текот на денот може да ја оправда дуплата порција сладолед со која на крај ќе се почестиме.

Нo, мислењата се поделени и дел од научниците велат дека всушност исхраната е клучниот фактор за слабеењето.

Што и колку внесуваме во нашиот организам е показател не само за нашата тежина туку и за целокупната здравствена состојба.

И доколку сакате да симнете неколку несакани килограми, најбрзиот и најефикасниот начин е да се фокусирате токму на исхраната.

Покрај промената на исхраната ви нудиме уште 10 корисни совети кои ќе ви се најдат во вашата борба со вишокот килограми.

Доколку сте трпеливи и упорни, за кратко време ќе бидете сведок на трајни резултати.

Спијте од 7-8 часа дневно

Квалитетниот сон е уште еден важен аспект кој ќе ви помогне во борбата со вишокот килограми. Можеби звучи навистина досадно, но доколку му дозволувате на вашето тело одмор од минимум 6 часа дневно, тогаш ќе го забрзате процесот и за кратко време ќе ја постигнете вашата цел.

Не пијте го утринското кафе на празен стомак

Кафето е корисно за забрзување на метаболизмот и ни помага да се разбудиме наутро. Но, пиењето на утринското кафе на празен желудник може да има контра ефект.

Па, наместо прво да посегнете по кафето секое утро, обидете се да каснете барем една мала ужинка.

Не гледајте телевизија додека јадете

Научниците докажуваат дека гледањето телевизија додека јадеме може значително да ја зголеми количината на храна која ја внесуваме во организмот. Затоа направете си услуга и уживајте во храната и во тишината за време на секој оброк.

Не купувајте додека сте гладни

Ова е нешто што сите сме го направиле повеќе пати. Кога одиме во продавница гладни, најчесто завршуваме со милион непотребни и нездрави состојки кои воопшто не се наоѓаат на нашиот список. Да не ја спомнуваме и огромната сметка.

Не посегнувајте по десерт после вечерата

За сите ние кои не можеме да си го замислиме животот без десерт ова може да изгледа како најтешкиот чекор. Но доколку го замените ноќниот десерт со нешто здраво како на пример шолја чај, вашето тело ќе ви биде особено благодарно и се разбира чајот ќе ви помогне побрзо да заспиете.

Пијте вода од чешма

Водата од пластични шишиња може да биде особено штетна за вашето здравје и да резултира во контра ефект. Опасната состојка Бисфенол А која се наоѓа во пластиката е докажано штетна и придонесува за хормонален дисбаласнс.

Факт е дека денес не можеме да си го замислиме животот без пластика, но исто така можеме да одбереме здрава алтернатива и да купиме стаклено шише кое ќе го носиме со себе.

На тој начин не си помагаме само себеси туку и придонесуваме за здрава околина.

Започнете го оброкот со салата

Доколку стекнете навика да го започнувате вашиот оброк со салата, тогаш може да ја намалите количината на храна која ќе ја изедете и со тоа да придонесете за намалувањето на килограмите.

Јадете исти порции без разлика каде сте

Количината на храна е важна кога станува збор за намалувањето на килограмите. Контролата на порциите може најпрво да ви делува како многу досадна работа, но откако ќе се навикнете и вашиот желудник ќе ви биде благодарен.

Пред да ја наполните чинијата разлислете реално колку ви е доволно за да останете сити до следниот оброк.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно