Уставен суд го поништи референдумот во Гевгелија и дозволи изградба на рудници!

На 07.11.2018 година, Уставниот суд на РМ ја поништи одлуката на Советот на Општина Гевгелија, со која се распиша и одржа РЕФЕРЕНДУМОТ ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА.

Канадската компанија ,,Ресервоар Минералс“, поднесе барање да преиспита уставноста на одлуката на советот на Општина Гевгелија, а Уставниот суд во експресна постапка го прифати нивното барање и ја поништи одлуката.

Од иницијаторите  на референдумот до Уставниот суд било доставено образложение во кое  на 18 страници, детално се цитирани сите членови на Уставот на РМ и законите на РМ, според кои недвосмислено и изричитоо е наведено дека за оваа прашање одлучуваат граѓаните на локално ниво.

,,Уставните судии го погазија и Уставот на РМ и законите на РМ и донесоа срамна одлука поради која ќе мораат сите да си дадат неотповикливи оставки. Девет уставни судии ја запечатија судбината на 500.000 граѓани од југоистокот“- велат од иницијативниот одбор.

,,Уставниот суд го наруши суверенитетот на граѓаните на Македонија, заради бизнис интереси на странска компанија. Уставниот суд се стави на страна на оние кои планираат од Македонија да направат пустелија, да направат геноцид на над 500.000 граѓани.

Ние им порачуваме на сите домашни и странски платеници, кои наумиле да отвораат рудници и да ја уништат нашата татковина, дека ние немаме друга татковина. Затоа ќе се бориме против тоа“-се вели во реакцијата на иницијаторите.

ФОТО: Џафери потпиша- Законот за јазиците е објавен во „Службен весник“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на својот официјален профил на Фејсбук објави дека Законот за употреба на јазиците, или во јавноста познат како Закон за албански јазик, е објавен во „Службен весник“. Ова значи дека законот и официјално стапува на сила.

Карактеристично е тоа што од донесувањето до објавувањето во „Службен весник“ на Законот за јазиците помина точно една година. Законот за јазиците беше донесен на 11 јануари 2018 година или на истиот ден кога во Собранието, но година дена подоцна, беа изгласани уставните измени.

Џафери изминатиов период неколку пати изјавуваше дека Законот за употреба на јазиците ќе излезе во „Службен весник“ едновремено со уставните амандмани.

Министерот Манчевски ги нападна ракометарите на Твитер

- Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби”, напиша министерот за јавна администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски на Твитер.

Министерот во чија надлежност е и МТВ2 која емитува на албански јазик и која го нападна Столе Стоилов во директен пренос, не кажува ништо за навредите и бојкотот на спортската редакција на МТВ2 кон Стоилов.

„Забранет влез за кучиња и северо-македонци“ во Вевчани

Мал е плоштадот во Вевчани да ги собере илјадниците посетители кои денеска го чекаа почетокот на познатиот Вевчански карневал. Поворката на маскираните василичари почна, а во 15.00 часот традиционалните маски на младоженецот и невестата заиграа оро на плоштадот.

Карневалот официјално за отворен го прогласи министерот, Дамјан Манчевски.

Освен традиционалните, голем е бројот на маски кои упатуваат на политичките состојби. Во дефилето има маски на политичари, на Сорос и на Усаид, на Бејли и Пешевски, а параглајдерист со себе носи транспарент „Летаме за Европа“.

Популарно