Марко се вратил до соба да земе нешто, па настрадал на тераса

Телото на 24-годишниот Марко Маринковиќ, син на пејачот Тома Маринковиќ, кој трагично настрада после пад од тераса во Шпанија, ќе биде донесено во Србија за седум до 10 дена, пишува српски Курир.

Момчето настрада во неделата утрината, кога бил на размена на студенти во Шпанија, а токму тој ден требало да се врати во Србија.

-Никој од семејството нема да оди во Шпанија. Наводно, кобното утро, студентите ги изнеле работите пред хотелот, а Марко рекол дека мора да оди до соба да земе уште нешто. Меѓутоа, кога отишол на тераса, под неразјаснети околности паднал. Шпанската полиција оваа смрт ја третира како несреќен случај - пишува српски Курир, повикувајќи се на свој извор.

ФОТО: Колку чини прстенот со кој Вељко Ражнатовиќ ја запроси девојката?

Синот на Цеца и Аркан, Вељко Ражнатовиќ ја побара за жена својата девојка Богдана Родиќ.

Вељко ги испочитувал српските обичаи и ја побарал раката на Богдана од нејзиниот татко. Прославата траела до раните утрински часови во куќата на Родиќ.

Цеца веднаш се пофали на својот профил на „Инстаграм“ со прстенот за идната снаа, кој чини 10.000 евра.

Српскиот пејач ја опиша првата брачна ноќ

Неодамна се ожени српскиот пејач Стеван Анџелковиќ, па ја опиша првата брачна ноќ и ги изнасмеа сите.

Тој сакал незаборана прва брачна ноќ, но наместо тоа пречекал гости.

- Ни заѕвонија гости на врата, не можеле да најдат сместување зошто не се од Белград. Тука се застана, ги сместивме и угостивме, а јас заспав, се пошегува на своја сметка пејачот.

Тој се зема со својата долгогодишна девојка.

ФОТО: „Снаата е официјално верена“

Синот на Цеца конечно и стави прстен на својата долгогодишна девојка Богдана Родиќ.

Цеца веднаш се пофали на својот профил на Инстаграм профил со прстенот за идната снаа.

-Снаата официјално свршена, напиша пејачката под фотографијата.

Но, освен големиот прстен на нејзината рака се најде и скапоцен часовник кој Цеца исто така го објави на социјалните мрежи.

Популарно