Ристиќ: Девојчето во Гостивар не настрадало од кучиња, туку од нејзиниот татко?

Актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил објави дека девојчето кое неодамна се удави во реката Вардар, бегајќи од улични кучиња, било у биено од својот татко, бидејќи се заљубило во друго момче, а било ветено за момче од Турција, објавува Делчево денес.мк

-Се сеќавате на девојчето од Гостивар, кое наводно бегајќи од глутница кучиња се удави во Вардар. Вака Ирена Ристиќ актерка, активистка во борбата за човекови права, го започнува својот текст објавен на ФБ. Таа понатаму потсетува:

Сетете се и дека немаше сведоци, ни бутур!

Сетете се на обраќањето на Таравари. Човекот молеше за воздржаност и трпени да не се истрчува со заклучоци пред да заврши истрагата. Сето смрдеше од почеток. Се работи за ЧЕД ОМОРСТВО! Таткото си ја уТепал ќерката зашто имала едно либе, а била ветена на друг во Турција.Земал ја утепал, па земал ја фрлил во Вардар.

Татко! Он и уште еден се веќе во затвор. Зошто оваа вест не одекна така и толку јако како лажната? Колку кучиња се утепани поради оваа брзопотезно раширена лага.

Набрзо потоа објавата исчезна, а се појави нова на која Ристиќ порача дека новинар ќе истражи, но и таа ќе ги објави новите информации.

Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони отштета

„По извршеното вештачење на вешто лице, невропсихијатар, на петчленото семејство Саздовски кои живеат во семејна заедница, согласно член 57 и 112 од Законот за кривична постапка

Семеството на Никола Саздовси, момчето што беше претепано кон крајот на јуни на автобуска станица во скопска „Автокоманда“ побарало отштета за убиениот.

„Поднесено е оштетно побарување од 5 милиони денари од првобвинетиот и 5 милиони денари од второбвинетиот. Овие суми се согласно просечните износи досудени за нематеријална штета за смрт на блиско лице според член 190 од Закон за облигации“, изјави  бранителот на семејството Саздовски, Ванчо Шехтански.

За оштетувањето, одбраната на обвинетите треба да се произнесат на 25 декември.

За убиството на Никола Саздовски им се суди на Бесир Беља, Скендер Демири, додека Јетон Љужа е во бегство.

Тие се обвинети дека со боксови го удирале Саздовски, а кога тој паднал на земја, тие продолжиле да го тепаат со клоци по целото тело. Поради повредите тој бил пренесен во болница каде по 9 дена починал.

Го фатиле со дрога кај Делчево - ја голтнал и починал

32-годишниот Д.А. од Злетово си го одзеде животот откако на граничен премин го фатиле со дрога, а тој ја проголтал.

Во 19,15 часот на Граничен премин Делчево на влез во Република Македонија, со патничко моторно возило „Мини купер “ со бугарска национална ознака се пријавил 32-годишниот Д.А. од Злетово, кој го управувал возилото, а како совозач било 18 годишно лице од Пробиштип.

Извршен е преглед над лицата и на нивниот личен багаж, при што кај Д.А., била пронајденa кесичка со непозната прашкаста материја. Додека траела постапката спроведена од страна на царинските службеници во еден момент Д.А. ја земал кесата ја скинал најлонската фолија и непознатата материја ја голтнал.

Веднаш била повикана екипа на Итна медицинска помош и Д.А. бил префрлен во Здравствен дом Делчево, каде околу 22,00 часот починал.

Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

ФОТО: Ова е мајката на децата кои ги закла татко им

Грозоморно убиство го потресе регионот кога во Босна татко си ги уби трите малолетни деца откако сопругата пред дваесетина дена го напуштила.

Лејла Совиќ, мајката на дечињата кои ги уби нејзиниот сопруд Алмир па се самоуби, е на Психијатрија по шокот кој го доживеа. Лекарите едвај успеале да ја натераат да зборува и да воспостават контакт со неа.

Лекарите стравуваат и за неа по трагедијата која ја снајде.

Телата на таткото и децата се дадени на обдукција.

Популарно