ОВЕН
Работа: Вашата упорност на крајот ќе се покаже како особина која и тоа како може да ви се исплати.
Љубов: Имате голема желба да бидете со личност која ви се допаѓа, но понекогаш ви се чини дека тоа не е возможно.
Здравје: Потребен ви е одмор.
БИК
Работа: Мали проблеми во комуникацијата со работното опкружување затоа што постои некое недоразбирање.
Љубов: Констатна напнатост меѓу вас и саканата личност, и тоа доведува до чести караници.
Здравје: Нервниот систем ви е чувствителен.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Можете да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе успеете да ги решите проблемите кои ве мачеле во изминатиот период.
Љубов: Посакувате промени, но никако малку да се активирате околу нови познанства.
Здравје: Водете сметка на грбот.
РАК
Работа:Може да очекувате солидна атмосфера и добар ден за работа. Ќе бидете корисни и генерално задоволни од својот биланс.
Љубов: Можете да очекувате многу добра љубовна атмосфера и добро сложување со партнерот.
Здравје: Спортувајте.
ЛАВ
Работа: Немојте да очекувате премногу кога е во прашање денешниот ден. Полето „работа“ не ви е поставено добро сега.
Љубов: Важно е да бидете целосно отворени кон личноста која ви значи.
Здравје: Избегнувајте претерано внесување на алкохол.
ДЕВИЦА
Работа: Не е поволен ден за склопување на нови договори. Време е да се позанимавате со некои нерешени проблеми од минатото.
Љубов: Ќе имате поголеми проблеми со партнерот, и тоа ве оптоварува.
Здравје: Чувајте ги бубрезите.
ВАГА
Работа: Имате доста обврски и понекогаш тоа тешко ви паѓа. Потребно е некое време кое ќе го искористите да се оддалечите од работата.
Љубов: Можна врска со личност која е врзана за вашата работа.
Здравје: Имунитетот ви е слаб.
ШКОРПИЈА
Работа: Важно е да останете доволно фокусирани на работните цели кои сте ги зацртале.
Љубов: Сосема неочекувано се случува едно ново познанство со личност која во вас буди силни чувства.
Здравје: Срцеви проблеми.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Носите непромислени одлуки. Потрудите се, сепак, денеска да размислите, да не си направите некој проблем на работа.
Љубов: Не сте задоволни од ситуацијата која постои помеѓу вас и саканата личност.
Здравје: Проблеми со мигрена.
ЈАРЕЦ
Работа: Изненадни пресврти на работата се пред вас. Можно е да ни самите не сте сигурни како да се снајдете во сето тоа.
Љубов: Ќе дознаете некои нови информации околу саканата личност.
Здравје: Нервоза и стрес.
ВОДОЛИЈА
Работа: Поволен ден за соработка со личност родена во знакот на Рак. Пред вас се нови случувања и работни промени.
Љубов: Чувствувате фатална привлечност кон личност која често ја среќавате.
Здравје: Проблеми со уринарниот тракт.
РИБИ
Работа: Можно е да очекувате дека денешниот ден за некои од вас ќе биде среќен, и ќе има добри околности.
Љубов: Ве очекува доста поволен ден за љубов. Може да се надевате на ново познанство.
Здравје: Одлично.