И Генерлштабот на АРМ против сведочењето на Нинџа: Ова се груби дезинформации

Генералштабот на АРМ ги дематира информациите за каква било инволвираност на АРМ во случувањата во Собранието на 27-ми април минатата година, оценувајќи ги како груби дезинформации.

Потенцира дека стои на располагање во целост да ги презентира сите податоци и да соработува со сите надлежни институции со што конечно ќе се стави крај на шпекулативните толкувања со кои се нарушува угледот на Армијата.

ВИДЕО: Камчев нуди милиони за да излезе од Шутка!

Имот вреден 14 милиони евра како гаранција за д излезе под приор и дека нема да бега понудил бизнисменот Орце Камчев, објави Телма.

Следната недела би треба ло да се знае дали Кривичниот суд ќе ја прифати понудата, а за ова треба да се изјасни и СЈО.

Камчев веќе нешто повеќе од месец е сместен во една од „хашките соби“ во истражниот затвор „Скопје“.

Тој е обвинет во случајот „Империја“ и во притвор е по барање на Специјалното јавно обвинителство, поради опасност од бегство.

Заев: Дуел со Мицкоски во секое време, но...

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш повтори дека прифаќа телевизиски дуел во кое било време и во кој било медиум со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски само доколку тој претходно се изјасни дали е за членство во НАТО и ЕУ преку прифаќање на Преспанскиот договор, а ако не е за тоа, треба јасно да го каже и да понуди алтернатива.

-Подготвен сум во секое време и на секое место да дебатирам со Мицкоски, но чесно е тој да го каже својот став-дали е за членство во ЕУ и НАТО со поддршка од Договорот од Преспа и ако не е да ја каже алтернативата. Тогаш нека го избере медиумот, денот и терминот. Јас сум подготвен за соочување зашто тоа  е демократски чин, изјави Заев по националната конференција за децентрализација.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот рече дека Законот за амнестија, што веќе се дебатира, ќе се комплетира до крајот на оваа или почетокот на идната недела и со него јасно ќе се разграничи што значи учество во насилство, кревање рака, организација и осмислување упад во Собранието. Казни ќе има, но ќе се стави дистинкција на тоа што значи судска, а што политичка одлука.

-Конечната цел е да донесе помирување, подавање рака меѓу Собранието, но со тенденција тоа да продолжи и на вертикално ниво, и кај навивачките групи, и во општините и кај подмладоците во партиите,…истакна Заев.

Според него, Законот за амнестија ќе испрати порака на помали казни, и амнестија за сите што не учествувале во насилството и не биле организатори.

-Членовите во законот што ќе доведуваат до идно казнување нема да бидат тероризам со над 10 години казни, туку ќе бидат помали почетни казни. Но, казни ќе има. Со законот ќе се испрати пораката, казнувањето мора да постои, но и најважната порака е да нама мешање во правосудството, потенцира претседателот на Владата.

Заев порача грчкиот министер Каменос да му даде шанса на Преспанскиот договор, а бенефитите од неговата имплементација, истакна,  ќе се видат веднаш, по неколку месеци.

Во врска со ситуацијата во здравството, премиерот најави дека на 24 или 25 декември ќе има средба со ресорниот министер и синдикатите на кој ќе бидат отворени сите актуелни прашања.

Во врска со ситуаициата на Косово, Заев нагласи дека на регионот не му се потребни нови тензии. Тој воедно апелира до своите колеги, премиери, како што рече, да внимаваат на своите чекори.

-Да ја унапредиме економската соработка, да постигнеме траен мир, раст, развој и членство во ЕУ, порача Заев.

КОМИТИ: Полицијата секојдневно упаѓа во домови на наши членови!

Навивачката група „Комити“ на официјалната ФБ страница се пожали дека нејзини членови се под засилен полициски притисок, дека се вршат упади во нивните домови, претреси, приведувања, им се изрекуваат астрономски парични казни под сомневање за наводно поседување и пуштање во промет на психотропни супстанци или оружје и распрскувачки материјали…

Репресивниот режим е пуштен на најјако!

Секојдневно добиваме информации за упади во домовите на наши членови, каде очигледен таргет е да се пронајдат капацитети за производство на оружје и распрскувачки материјали?!?

Се бара производство и пуштање во промет на опојни дроги и психотропни супстанции?!?!?!

Толку многу упади, повторени и повторени но ниту еден единствен пат не е пронајдено ништо...Како тоа одеднаш имате такви сомнежи, и од каде таа упорност? На што се темели сето тоа?

Толку сте отуѓени од нас Македонците што нималку страно не ни е помислата дека следно што ќе направите е да подметнувате за да ги оправдате ресурсите кои ги трошите каде непријател на Македонија не постои, туку само непријател на непријателот...

Истовремено судовите штанцаат од ракав пресуди, па на тенденциозните пресуди каде наши членови се инволвираат без никакви докази, се додаваат и калемат дополнителни пресуди од граѓански парници со неверојатни суми! Зарем самите поверувавте во лагите кои упорно ги лиферувавте за Руските рубљи канализирани преку ваши блиски соработници од Солун? (или по ваше тесалоники), па сега 'овие комитиве имаат пари да го полнат буџетот' и да скапуваат по станици!?!

Се мешаат луѓе од военото разузнавање при носењето судски одлуки?!?

Ќе престане ли некогаш оваа тортура која селективно и константно се спроведува врз нашето членство? И зошто нема?

Македонецот е осудуван од Македончето кое го контролира репресивниот систем, затоа што првиот едноставно се чувствува така без никаков деминутив или комплекс на ниска вредност...

Зарем мислите дека сликата поставена како насловна на оваа страна е само текст напишан на најлонска фолија без никакво значење, затоа што 'хартија трпи се'? 

Уф, зарем толку многу ја промашувате суштината?

#Мобилизација #ЦрвеноЦрнаРеволуција #ЗаМакедонија

Популарно