Ова е имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот што го поседува бизнисменот Орце Камчев, а тој е и краен сопственик на офшор фирмата „Финзи“, стои во решението на притвор за бизнисменот Камчев до кое дојде „Макфакс“.

<div id="mvp-content-body-top" class="left" relative"="" style="margin: 0px; padding: 0px; border: 0px; vertical-align: baseline; outline-style: none; float: left; width: 820px;">

Имотот што го поседува, како и бугарското државјанство се само една од причините зошто на бизнисменот му беше продолжен притворот за уште 30 дена.

Во решението стои дека „сите овие околности укажувале дека доколку осомничениот Камчев се брани од слобода, тој лесно ќе се даде во бегство во  која било држава надвор од Македонија, особено во Бугарија, каде што има развиен бизнис и стан, а како државјанин на Република Бугарија нема да биде екстрадиран во Македонија“.

Можноста за бегство судот ја гледа и во фактот што Камчев последнава година 80 пати ја преминал државната граница. Не се отфрла ниту можноста за влијание врз сведоците бидејќи, како што ценел судијата на претходна постапка, голем дел од нив се вработени во неговите фирми, а тој често ги менувал управителите и седиштата на правните лица кои се дел од истрагата.

Кои се фирмите во странство на бизнисменот Камчев

Руската фирма „Здравје оптима“ во Ростов на Дон е една од фирмите што се поврзуваат со бизнисменот Орце Камчев. Уделите во фирмата во март годинава тој ги пренел на „Орка холдинг“ АД Скопје, а во април годинава уплатил 100 000 евра на име инвестиција во истата компанија. Сопствеништвото во оваа руска компанија „Орка холдинг“ го дели со Јован Дабевски, поранешен генерален менаџер на „Здравје Радово“ и извесен Антон Георгиевиќ. Втората руска фирма, отворена во 2015 година, „Семимол“, освен со Георгиевиќ и Дабевски, Камчев ја дели со бизнисменот Сергеј Самсоненко.

Според решението за притвор, Камчев се јавува и како краен сопственик на фирмата „Финзи“, иако неговото име не се појавува во документите на оваа офшор компанија со седиште во Албани, САД. Предистражната постапка наводно покажала дека Камчев бил краен сопственик од отворањето на сметката на „Финзи“ во 2009 до 2012 година.

Директор на офшор фирмата „Финзи“, која е поранешен сопственик на порталот „Нетпрес“, беше Коста Крпач, кој во 2016 додека беше сведок за истрагата на специјалното јавно обвинителство, изврши самоубиство. Според аудиоснимките на СДСМ, „Финзи“ беше една од фирмите преку кои, со посредство на Сашо Мијалков, се одвивала спорната набавка на израелската опрема за прислушување за потребите на МВР.

Макфакс“ ги поседува сите документи од отворањето на фирмата „Финзи“ до сега, но таму не е споменато името на бизнисменот Камчев. Единственото име што се споменува е она на Владислав Стајковиќ, сопственик на фирмата НВСП, исто така осомничен за случајот „Империја“, како прв директор на фирмата.

Меѓу фирмите на Камчев се споменува и компанијата ПЗУ „Систина нефроппулос Кавадарци“, чиј основач е „Орка холдинг“. Во 2014 година оваа компанија уплатила 200 000 евра преку кипарска банка на офшор фирмата „Десимарг лимитед“, каде што управител е еден од осомничените за „Империја“, Ненад Јосифовиќ. Во 2015 година Јосифовиќ го овластува Камчев да ја ликвидира оваа компанија.

Фирмата од Бахамите, „Десимарг лимитед“ беше дел од големиот проток на документи за офшор компаниите „Панама пејперс“, за која веќе објави Меѓународниот центар за истражувачко новинарство.

Уште една од фирмите што се споменуваат во судските документи е и фирмата „Камил“ во Софија, која аплицирала за кредит од 24 милиони евра во Бугарија, пари со кои Камчев имал план да ги откупи уделите на партнерите во „Пелагонија енерџи“. Во документите се споменува и бугарската болница „Токуда“, каде што Камчев преку „Орка холдинг“ бил акционер во болницата со учество од 11 отсто од капиталот.

Молк од СЈО за случајот „Империја“

И еден месец по отворањето на истрагата, од специјалното јавно обвинителство не излегуваат со информации на што точно се однесува случајот „Империја“ и кои фирми се инволвирани. Од СЈО не одговараат на прашањата на „Макфакс“ поврзани со овој случај. Засега, она што е познато е дека преку фирми на инволвираните лица биле испрани над 10,5 милиони евра – 8 милиони евра пари од Македонија и 2.5 милиони евра преку офшор фирми.

За случајот во притвор, освен Камчев, е и Ненад Јосифовиќ – соработник на Камчев, директорот на „Ексико“ – Тодор Мирчевски, Цветан Панделески – директор на ЗК „Пелагонија“, и Зорица Арсовска – сметководител во фирмите на Камчев. Притвор за случајот му беше определен и на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, но подоцна, по барање на СЈО, за него се укина притворот за „Империја“, а мерката му беше одредена за случајот „Таргет – Тврдина“.

За „Империја“ има вкупно 12 осомничени, меѓу кои и мајката и сестрата на Орце Камчев.

Бизнисменот Камчев и неговите соработници можат да бидат во притвор максимум 6 месеци, а по истекот на овој рок, СЈО ќе мора да поднесе обвинение или ќе мора да им дозволи на осомничените да се бранат од слобода.

Осомничените можат да поднесат жалба до Апелацискиот суд и да побараат укинување на притворот, со тоа што имаат можност да побараат да се бранат од слобода со гаранција.

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. 

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024. 

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ. 

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата. 

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.

Како што соопштува МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р Бугарија.

- Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата, соопшти МВР.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои обраќања имаа министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом и командантот на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка Андрес Јернберг.

Министерката за обрана Петровска во своето излагање посочи дека Армијата минува низ сеопфатен процес на модернизација и секоја дополнителна поддршка од сојузниците е добредојдена. Таа истакна дека донацијата ќе придонесе за зголемување на борбената готовност на Армијата.

– Нашиот одбранбен буџет континуирано расте, но секоја дополнителна поддршка од нашите сојузници е добродојдена. Оваа норвешка донација од 76 неборбени моторни возила значително ќе придонесат за зголемување на транспортните можности на единиците на Армијата односно за нивната борбена готовност, рече Петровска.

Министерката се осврна на бројните проекти кои се реализираат со поддршка на Кралството Норвешка. Со поддршка на Кралството Норвешка, Петровска вели, земјава го изгради Регионалниот центар за односи со јавност, кој во моментов е во фаза на интензивен развој во НАТО школа за односи со јавност, за кој рече, придобивки ќе имаат двете земји, но и НАТО сојузниците.

– Со ваша поддршка го изградивме Регионалниот центар за односи со јавноста кој во моментов е во фаза на интензивен развој во НАТО школа за односи со јавност од кој придобивка ќе има и Македонија и Норвешка, но и нашите НАТО сојузници. Вие сте земја партнер во рамките на Балканските медицински сили чие постојано седиште е во Република Северна Македонија, рече Петровска.

Амбасадорката на Кралството Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом, истакна дека дипломатските врски меѓу двете земји се зајакнуваат последните 30 години, особено по приемот на земјава во НАТО Алијансата во 2020 година.

– Во последните години уште повеќе ја зајакнавме нашата врска со посетата на Командантот на Гардата на Неговото височество кралот и нашиот началник за одбрана г. Ајрик Кристоверсен, распоредувањето на македонскиот хируршки тим во Авганистан, меѓусебната размена на кадети, посетите на ваши офицери и на нашата бригада Север и на Здружениот оперативен штаб и уште неколку други проекти, рече Мелсом.

Дополнително ја истакна програмата за размена на кадети како еден од поважните заеднички проекти и посочувајќи на посветеноста на Северна Македонија кон Алијансата.

– Ја видовме посветеноста што ја покажавте кон Алијансата. Ја гледаме не само воената опрема што ја дадовте на Украина, туку и зголемениот број војници што ги имате распоредено во различни мисии. Вашата цел да распоредите 10 проценти од вашата армиска структура е импресивна, истакна Мелсом.

Бригадниот генерал Андрес Јернберг рече овој ден е од историско значење, бидејќи ја одбележува најголемата донација на воена опрема што Кралството Норвешка воопшто ја има направено за земја од Западен Балкан.

– Точно е дека 36-те лесни пешадиски возила и 40-те камиони од Норвешка кои штотуку пристигнаа во Северна Македонија ќе ги зајакнат вашите вооружени сили, но тие исто така се и доказ за нашата заедничка посветеност на поддршката на Украина и на сојузничкото одвраќање и одбрана. Всушност ова е одличен пример за тоа како треба да се врши одвраќање и одбрана преку логистичка соработка во рамките на НАТО, рече Јернберг.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во своето излагање истакна дека во Алијансата не се членува само заради придобивки и бенефиции, туку заради вредности и принципи. Ѓурчиновски истакна дека земјава ја поддржала вистинската страна во војната во Украина, и како што рече, тоа го препознала Норвешка.

– Бевме конкретни и јасно детерминирани и се определивме и ја поддржавме вистинската страна во војната. Свесни бевме за одговорностите. Не се членува само заради придобивките и бенефиции, туку заради вредности и принципи. Кралството точно ги воочи нашите заложби, направивме координација со ГШ и со началникот во мојата официјална посета на Норвешка и во седиштето во Брисел и како што беше истакнато ова е голем историски ден за нашите вооружени сили каде што сме сите сведоци и можеме да ги воочиме 76-те возила кои од утре ќе бидат на македонските патишта за потребите на вооружените сили, меѓутоа и за сите граѓани на нашата татковина, истакна Ѓурчиновски. 

Популарно