„Министерот за одбрана“ вети дека ќе ја израдува Македонија

За жал тој  не беше дел од СП 2017 во Франција, но Борко Ристовски сега „емоционално освежен“ се враќа на мундијалската сцена како чувар на мрежата на македонскиот национален тим на шампионатот што денеска официјално стартува во Германија и во Данска. Од него како и секогаш ќе зависат многу работи за конечниот успех на репрезентацијата, но Ристовски е подготвен и за овој предизвик, оптимистички расположен порачувајќи дека Македонија е поседува квалитет и искуство за и со подмладен состав да ја мине првата фаза од овој Мундијал.

„Ова е поразлична репрезентација во однос на претходните бидејќи има млади играчи за кои ова ќе биде прв настап на големите натпреварувања. Никој не знае како тие ќе се снајдат и ќе реагираат, ниту ние ниту пак тие самите, така што од тој аспект можеби ќе биде и најнеизвесно бидејќи нивната помош на овој шампионат ќе биде неопходна. Меѓутоа, сите веруваме во нив, дека ќе бидат на едно задоволително ниво и ќе си ги градат своите кариери на едно големо натпреварување, откако нашата генерација се намачи да дојде до ова ниво – десетина години да сме редовни учесници на светските и европските шампионати. Со тоа им се дава шанса да блеснат на големата сцена, но сепак дали ќе ја искористат или не ќе зависи само од нив самите“.

Новиот систем на натпреварување ја прави уште потешка задачата да се стигне до втората фаза.

„Промената на системот на натпреварување не ни одговара како репрезентација бидејќи неопходна ќе биде и трета победа, што ќе се брка против една од „големите“ селекции. Нема да биде лесно, ривалите се незгодни, но јас верувам во нашата селекција, дека ќе најдеме сили за да стигнеме до тој толку посакуван триумф и да стигнеме до втората рунда“.

Голманот на македонскиот национален тим потенцира дека дуелот со Исланд ќе биде многу потежок отколку што очекува јавноста во нашата држава.

„Гледам дека јавноста некако фокусот го става врз тој дуел со Исланд како решавачки, како наша шанса за трета победа, но според мене тоа ќе биде исклучително тешко бидејќи станува збор за врвна селекција преводена од Палмарсон, кој игра во топ-форма во дресот на Барселона. Ако ги гледаме нашите дуели од последните години пореално е да се надеваме на успех против Исланд отколку против Хрватска, но ќе повторам дека тоа нема да биде нималку лесно. Хрватска е постабилна репрезентација, логистички е посилна и поорганизирана од Исланд. Севкупно гледано нема преголема разлика меѓу овие две селекции, според мене Исланд е можеби играчки поквалитетен, но Хрватите го поседуваат оној балкански инает што го става пред Исланд во тие математики што се прават пред почетокот на Мундијалот“.

Отсуствата на Јоноски и на Миркуловски ќе значат и сериозни промени во одбранбената зона пред Ристовски.

„Одбраната како одбранбена зона поставена пред голман можеби на прв поглед на изгледа грандиозно, но јас верувам дека ќе биде на посакуваното ниво. Со голема желба за игра и борбеност ќе ги надополниме оние работи кои недостигаат, се со цел да се стигне до резултатот што го посакуваме. Сигурно ќе недостигаат некои играчи од минатото, но тоа е спортот, треба да се привикнуваме на таквите ситуации на подмладување. Сигурно дека за сите нас ќе беше подобро ако овие млади играчи имаа зад себе барем едно учество на ЕП или на СП, тогаш сигурно ќе знаевме како да се наместиме, да си помогнеме. Вака ќе биде баш „климаво“, но што е тука е, со борбеност, со желба и со спортска дрскост ќе го надополниме сето она што недостига од аспект на искуство“.

Тој посочува дека лекцијата од поразот со Грција е научена и дека навивачите на ова СП ќе видат далеку подобри игри од македонските ракометари.

„Зад нас беа два натпревари на кои не бевме на посакуваното ниво како репрезентација, но верувам дека сето тоа е надминато. Јас лично не гледам така на работите, секој натпревар е приказна за себе, никогаш не ги славам еуфорично победите, ниту пак премногу тагувам по поразите, мора да се има една релативна стабилност и мирност.  Го загубивме натпреварот од Грција што не требаше да се загуби, поради имиџот што го градевме во овие десетина години, но пак ќе повторам, им се случувало и на поголеми репрезентации во минатото да губат по еден натпревар што никако не смеат да го загубат. Ете ни се случи и на нас, но тоа е спортот, најважно е секогаш да се гледа напред, да се научи лекцијата и тоа да ве направи подобри како екипа, како репрезентација. Се сеќавам дека пред да стигнеме до ова ниво Македонија губеше некои 5-6 баражи во низа за да дојде до големите натпреварувања. Од сето тоа ние извлековме поуки, па сега баражите ги минуваме со леснотија, сега и тој пораз од Грција треба да ни послужи да ја научиме лекцијата, верувам дека ќе го сториме тоа“.

За крај, тој со оптимизам гледа на претстојниот Мундијал, на кој „црвено-жолтите“ имаат капацитет да се најдат меѓу 12-те најдобри селекции во светот, а потоа и да им ги замрсат сметките на фаворитите во вториот круг.

„Успех на оваа репрезентација реално ќе биде да се помине во вториот круг, ако го сториме тоа и со пренесување на бодови, тоа би било исклучително остварување. Верувам дека имаме квалитет за такво нешто, а доколку се случи да патуваме во вториот круг во Келн, со сигурност можам да кажам дека ќе бидеме незгоден ривал за сите. Македонија е незгодна репрезентација што не преценува никого, секогаш играме добро против големите репрезентации. Колку ќе имаме сила за тоа, знаење, колку ќе бидеме тактички подготвени, сето тоа ќе зависи од самите нас. Треба да се гледа позитивно, одиме на едно Светско првенство, треба да уживаме на првите две средби, да уживаме во секој момент минат на паркетот, да знаеме дека сепак играме за нашата држава, за нашиот народ, и сите заедно да дадеме се од себе за да ги израдуваме“ – порачува ракометниот „Министер за Одбрана“, Борко Ристовски.

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот до крајот на сезоната своите натпревари ќе ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Соопштението кое е објавено на социјалните мрежи на клубот ви го пренесуваме во целост.

„Поради потценувачкиот однос на ПУИГ кон Вардар, нашиот клуб до крајот на оваа сезона нема да настапи на Градскиот стадион во Скопје. И покрај фактот што уредно испративме допис во кој јасно наведовме дека сумата за изнајмување на стадионот ќе ја исплатиме во целост, добивме негативен одговор по однос на нашето барање. Да напоменеме дека покрај се, понудивме и механизам преку кој можевме да постигнеме заеднички договор, но сепак и во однос на тоа бевме категорично одбиени.

Ние ниту го создадовме, ниту го продлабочивме долгот на Вардар, а згора на тоа континуирано се трудиме истиот да го намалиме. Вие, ,,господа” од ПУИГ, денес ја затворивте вратата за најтрофејниот македонски фудбалски колектив и одлучивте да не бидете дел од една искрена приказна која ја создаваме. Никогаш нема да го заборавиме ова и никогаш нема да ви го простиме!

Вашите имиња ќе стојат засекогаш на столбот на срамот, во вашите удобни фотељи никогаш повеќе нема да седнете мирно.

За крај, би сакале да Ви порачаме дека Вардар вам ништо не ви должи. Од денес вие сте тие кои должите. Вашиот понижувачки чин скапо ќе го платите, а Вардар ви ветуваме дека кога-тогаш повторно ќе заигра во својот дом…дом во кој вие никогаш нема да се почувствувате како домаќини!

Вардарци, наши верни навивачи, утре го играме најважниот натпревар. На нашите фудбалери им е потребна поддршка повеќе од било кога. Затоа, масовното присуство на стадионот ,,Борис Трајковски” е неопходно за победа!“,објави Вардар.

Познати се ривалите на Македонија на ЕП 2024

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе настапи на Европското првенство оваа година. Откако на претходното бевме еден од домаќините, овојпат нашите девојки се пласираа на континенталниот собир преку квалификациите. Македонија ривалките за ова натпреварување ги дочекаа од третиот шешир. 

Европската ракометна федерација ја одржа ждрепката за групната фаза на ова натпреварување во своето седиште во Виена. 

Среќата не посака и Македонија влета во групата А, каде што ќе се натпреварува против Шведска, Унгарија и Турција.

Европскиот шампионат ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември оваа година. Домаќини ќе бидат три градови, швајцарски Базел, австриски Инсбрук и унгарски Дебрецин. Натпреварите од нашата група ќе се играат во Дебрецин во Унгарија.

Почина освојувачот на првиот ракометен Куп на Македонија!

На 22.03.2024, во 85-тата година од животот почина една од легендите на македонскиот ракомет, кој како играч, тренер и спортски работник ја пренесе љубовта кон спортот и вистинските вредности на многу генерации. 

Дејан Мариќ е роден на 28.06.1939 во Соколац, Босна и Херцеговина (Југославија).

Својата играчка кариера ја започнува во Раднички Горажде, продолжува во Куманово и Работнички од Скопје со кој неколку сезони играл во најдобрата прва Југословенска лига.

Се образува на Вишата Фискултурна школа во Скопје каде е дел од првата генерација, а високото образование го завршува на Факултетот за Физичка Култура во Сараево. 

Тренерската кариера Дејан Мариќ ја започнува 1959 во Куманово, каде е и еден од основачите на клубот, а ги тренирал и  Работнички, Борац Урошевац, Божур Гњилање, Кале Скопје, Мајданпек Србија, Крива Паланка, Шевро Куманово...

Професор во Градежно-Машински Училишен Центар (ГМЦУ) во Скопје, како и во Средното музичко училиште Илија Николовски-Луј, каде што и се пензионира.

Бил тренер на многу прволигашки играчи во Југославија и Македонија, како и репрезентативци на двете држави кои оставиле траг на ракометот на овие простори меѓу кои:  Љубимир Савевски, Касим Каменица, Гино Стрезовски, Драган Маринковиќ, Ацо Станковски, Панче Брдаров, Савчиќ, Меѓедовиќ, Томовиќ, Вучковиќ, Речица...

Во 1993 година како тренер на Шевро Куманово го освојува првиот ракометен куп на независна Република Македонија.. Во финалето Куманово го совладува тимот на Металург од Скопје.

Последните години од својот живот ги поминува во Куманово, каде е и погребан на градските гробишта. 

Слава му

Популарно