ШЀто бара Веса, а Заев не може да го даде?

Одложувањето на пленарката за уставните промени е поради условите кои бара Беса да бидат исполнети. Според информациите на ТВ21 на Заев му недостигна уште еден глас за 2/3 мнозинство.

Pредлог амандмабот на БЕСА е „За граѓаните од Албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик ќе гласи “македонско/граѓани на Република Северна Македонија” на албански јазик ќе гласи “eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore” и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia”.

Од Беса за ТВ21 велат дека доколку Заев не ги исполни нивните барања тие нема да дадат зелено светло на уставните промени.

За децата на бpaнителите и на уставобpaнителите сместувањето е бесплатно!!!

Чин кој е за пофалба. Чин кој нема да ве остави рамнодушни

Сопственикот на вилата во Стар Дојран, Лука Александров направи нешто непознато досега за македонската јавност. Секоја чест и симнуваме капа!

ФОТО: Огромна колона автомобили стои на грчката граница

Долга колона автомобили стои на грчката граница, објави Фактор.мк

Луѓето кои се враќаат од продолжен викенд, велат дека стојат во место, и дека има застој на граница, пишува порталот и во продолежение објави фотографија.

Каква е ситуацијата во моментов можете да погледнете на камерите од граничните премини: Богородица и Меџитлија

ВИДЕО: СДСМ избра нов извршен одбор

Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов ќе бидат членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, одлучи партијата на седницата на Централниот одбор што се одржува во Охрид. Освен нив во Извршниот одбор ќе бидат и Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојановска Иванова, Салија Љатиф Петрушовска и уште осум членови на партијата од другите градови.

На централниот одбор, како што пренесува медиумот, најверојатно нема да се расправа за избор на потпретседатели на партијата и тоа ќе биде одложено за наредна седница на Централен одбор.

Нов организационен секретар на партијата е Душко Весковски, актуелен генерален директор на скопски Водовод. Досегашниот советник во владата за меѓународна политика, Дане Талески ќе биде на функцијата секретар за меѓународна политика.

Популарно