(ВИДЕО) Ѓорчев: Јас ќе му се спротиставам на Заев како претседател на Македонија

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев денеска ја истакна својата кандидатура за кандидат за претседателските избори на пролет. 

Ѓорчев ги истакна своите квалитети и најави дека ќе ја прошета целата држава во својта кампања за претседател на Р. Македонија. 

- Оваа апсолустистичка власт, треба да има баланс. Не смее да се дозволи на СДСМ и Зоран Заев да ги узурпираат сите институции во државата. МОра да има некој кој ќе им се спротистави. Мора да има рамнотежа, рече Ѓорчев при обраќањето.

Нема веќе бугарски пасоши за странци: Бугарија става крај на продажбата на државјанства

Бугарија планира да стави крај на програмата за продажбата на државјанства на богати поединци, соопшти Министерството за правда во Бугарија, додавајќи дека тој систем не ја донел очекуваната финансиска корист.

„Податоците укажуваат дека не е постигната целта на зголемување на реалните странски инвестиции и економски развој. Не се отворени нови работни места и не е забележан економски раст“, се наведува во соопштението на Министерството.

Оттаму наведуваат дека од 2013 година, околу 50 странци од Русија, Израел и Пакистан купиле бугарско државјанство.

Бугарија е една од трите членки на ЕУ, заедно со Кипар и Малта, која продава државјанства за одредени инвестиции, како и права на престој.

Европската комисија претходно предупреди дека ваквиот систем на продажба на државјанства создава услови за влез на банди од организираниот криминал во блокот и го зголемува ризикот од перење пари, корупција и затајување данок.

Влатко Ѓорчев е прв кандидат во ВМРО ДПМНЕ за претседател на Р. Македонија

Пратеникот Владимир Ѓорчев денеска планира јавно да објави дека ќе поднесе кандидатура до конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се бира кандидат за претседател на државата.

Во текот на денот неофицијално, Ѓорчев ќе одржи прес-конференција на која со јавноста ќе ги сподели своите намери да стане претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори.

Ѓорчев долги години е активен на политичката сцена, има огромно политичко искуство. Сепак и покрај континутетот на политичката сцена, позади себе, пратеникот нема ниту еден скандал. Важи за чесен човек, принципиелен, доследен и семеен човек.

Неговата политичка кариера е исполнета со низа на успеси, бројките велат тој ги освојуваше најголемите победи во парламентарната историја на независна Македонија, последните 28 години.

Ужива голема меѓународна репутација и веќе подолго време важи за политичар од ВМРО-ДПМНЕ со силни контакти и отворени врати во Брисел, Вашингтон, Берлин и Лондон. Во последните неколку месеци Ѓорчев постојано е на терен помеѓу граѓаните.

Оженет е со сопругата Сузана, со која живеат во Скопје и имаат 4 деца, Марта, Филип, Никола и Катерина.

Ѓорчев годинава ќе наполни 41 година.

Популарно