ФОТО: Ова се најзгодните ракометари на Светкосот првенство - меѓу нив и Македонец

За неофицијалната листата на најзгодни ракометарина „Фејсбук“, која ракометните фанови ја направиле од забава, се гласаше минатите две недели преку социјалните мрежи. Освен нашиот Мартин Поповски, на листата се најдоа и ракометари од Франција, Исланд, Норвешка, Аргентина, Србија, Исланд, Данска и Шпанија.

Арон Палмерсон, Исланд

Диего Симоне, Аргентина

Еспен Ли Хансен, Норвешка

Харалд Реинкинд, Норвешка

Лука Карабатиќ, Франција

Расмус Лауге Шмит, Данска

Никола Карабатиќ, Франција

Мартин Поповски, Македонија

Петар Ѓорѓиќ, Србија

Родриго Коралес, Шпанија

Тажна вест: Почина Слободан Вујчиќ – Брацо

Денеска во Скопје, на 70-годишна возраст почина Слободан Вујчиќ – Брацо, пријателот на македонскиот спорт. Тој ќе биде запаметен како помагател, финансиер на голем број наши клубови во изминатите 20 и повеќе години.

Да се потсетиме само дека беше спонзор на Вардар во времето кога овој клуб во 2003 година имаше големи успеси во Европа. Потоа беше „врзан“ со Цементарница, Македонија ЃП, кусо време беше дел од Работнички, Тетекс, Слога Ј, Еуромилк, Локомотива и др. Како претставник на УФА МЕДИА, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5, тој ги застапуваше ТВ правата на гочем број наши клубови. Голем хуманитарец, пријател на нашата држава која ја чувстуваше како своја.

Сопственикот на ресторанот во Прилеп тврди: Слабо знаат македонски, па не се разбравме

Оливер Николоски, еден од сопствениците на ресторанот „Ла Страда“ пак изјави дека се работело за недоразбирање и дека Алиоски не бил избркан, туку бил замолен да се премести на друга маса.

„Претходно во тек на денот направивме резервација на неколку маси за група моторџии од Кавадарци кои наминуваат во нашиот објект штом ги носи патот во Прилеп. На една од нив беше седнат и фудбалерот Алиоски со свои луѓе. Им беше речено дека ќе треба да сменат маса, бидејќи на таа што седеа и уште неколку за пола час ќе дојдат најавени гости. Ниту им беше речено да станат веднаш, ниту беа навредени, ниту беа избркани. Но, веројатно поради тешкиот говор и зборување на македонски, дојде до недоразбирање, па укажувањето дека треба да се преместат го сфатија дека треба да заминат. Трипати се извинив, но беше залудно. Ниту како човек ниту како сопственик на објектот не сум имал проблем со националност на гостите“, тврди Николоски за Спортм.

За потсетување, Алиоски е роден во Прилеп, и верзијата на сопственикот на ресторанот според која се работи за јазично недоразбирање е, во најмала рака, чудна.

ВИДЕО: Алиовки се врати во ресторанот и му подари дрес од Лидс на сопственикот

Езџан Алиоски работеше со полна пареа цел месец за да и се стави на располагање на македонската фудаблска репрезентација, а откако го даде максимумот на двата квалификациски натпревари против Полска и Австрија, дефанзивецот се соочи со крајно непосакувана ситуација во родниот град.

Македонскиот репрезентативен лев бек во друштво на своето поблиско семејство доживеал вистинско понижување ова попладне во родниот Прилеп, каде што во ресторанот „Ла Страда“, откако му се приклучиле родителите, биле информирани дека за нив нема место, односно дека масите се претходно резервирани.

– Синот беше со два братучеди, проштаа низ чаршијата и решиле да седнат во ресторанот. Кога дојдовме ние со мајка му, почнавме да зборуваме на албански, и одеднаш дојде келнерот и ни рече дека масите се резервирани. Претходно не кажале такво нешто кога момчињата влегле и порачале пијалок. Џани беше многу навреден, ми требаа два часа да го смирам. Тој му кажа на газдата дека не е во право, дека тој играше за Македонија и со една нога. Ова се случува по втор пат, во 2018 година имавме исто искуство откако го пречекав Џани на аеродром,- изјави за „Дерби“ таткото на Езџан, Садри Алиоски.

Во телефонскиот разговор ова ни го потврди и Фикрет Алиоски, братучен на Езџан кој бил со нив во непријатниот момент.

Сепак, доцна во ноќта, Алиоски се врати кај сопственикот на локалот, каде му подари дрес од Лидс. Веројатно страстите се смирија. А дали се работи за говор на омраза или не, ќе покаже истрагата која е во тек.

Популарно