Мнистерство за правда и МВР: Во Македонија државјанство имаат 16,7% Албанци

На твитер веќе месец дена се вртат документи и податоци за кои се тврди дека се од службен карактер, од министерството за правда и од МВР за тоа колку државјанства се издадени во Република Македонија, и која е етничката припадност на носителите на државјантсво. 

Според објавените податоци во Македонија има 16,7% носители на државјанство од редот на македонските, етнички Албанци. Овој податок покажува дека Албанците во Македонија партиципираат со помлаку од 20% по што се доведува во прашање примена на законот за двојазичност кој важи доколку определена етничка заедница партиципира со најмалку 20% или повеќе во определена средина на локалната самоуправа или на ниво на државата.

Објавите од овој вид на Твитер, особено ако се објавени од политички или јавни авторитети како што се објавени овие податоци, редовно до сега се демнатираа од надлежните институции доколку не се точни, но овој податок досега никој не го демантирал.

Боки 13 не примал леkови за смиpување, ниту барал преместување на пcиxијатрија

Есад Рахиќ директорот на затвopoт во Шутка, каде се наоѓа Бојан Јовановски, еден од пpитвоpените за случајот „Рekет“ ги дeмaнтира информациите објавени во српски Курир дека Боки 13 во зaтвop бара помош и прима инјeкции за смирување.

Есад Рахиќ директорот на затвopoт во Шутка, каде се наоѓа Бојан Јовановски, еден од пpитвоpените за случајот „Рekет“ ги дeмaнтира информациите објавени во српски Курир дека Боки 13 во зaтвop бара помош и прима инјeкции за смирување.

Српскиот портал објави дека Јовановски испратил порака до македонскиот државен врв да се премести во пcиxијатриското одделение, а ако тоа не биде направено во рок од три дена, тој ќе изнесе доkази за нивната вмешаност во рekeтирањето.

-Не вреди да се коментира, се е измислено. Ако е некој за пcиxијатрија тоа се ликовите што ги прават овие вести. Ниту прима инјекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на пcихијатрија – вели Рахиќ за Канал 5.

ВИДЕО : Нефи Усеини човекот со кривични дела, а без затворски казни

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го започна серијалот „Локални шерифи“ со добро познатиот, или подобро речено – озлогласениот советник на Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини.

Како што вели Сашка Цветковска, автор на проектот, серијалот има за цел, преку истражување на локалните проблеми, да ги покаже апсурдите на кои е сведен системот, кој од независноста до денес почива на широко распространета и длабоко пенетрирана корупција.

Таква е и приказната за Нефи Усеини – не портретира само еден обичен злосторник, туку и гнилиот систем изграден на начин што го направи прифатливо бруталното кршење на законите, пишува „ИРЛ“. Нефи Усеини не е обичен човек. Тој може да прави кривични дела (меѓу кои и долга низа тешки кражби) без да ги издржи затворските казни. Може да учествува во борби со кучиња и видеата од нив да ги објавува на социјалните мрежи без да се плаши дека ќе го побара полиција.

Во однесувањето на Нефи судската, извршната и законодавната власт не гледаат проблем, исто како и партии, пратеници, советници и градоначалници од оваа, но и претходните владејачки структури. Со нивна помош тој останува над законот. Деловни односи, освен со Исламската верска заедница (ИВЗ), Усеини има дури и со турската влада. Во Охрид тој е советник и има моќ да одлучува за најголемото културно и природно богатсво, се вели во најавата.

Героски до СДСМ: А да го смените името?

Кога СДСМ ќе се преименуваат во СДССМ. Ова на Фејсбук вчера го напиша новинарот Бранко Героски кој периодов е актуелен поради Рекет.

Героски пред неколку дена побара извинување од Заев откако тој на прес-конференција рече дека нема да дозволи еден педер, суетен новинар и неколку криминалци да му ја срушат власта.

Героски постојано пишува за случајот Рекет во кој првоосомничен е Боки13 и Зоки Кичеец, а на снимките од ла Верита се слушна и гласот на Катица Јанева, се спомна и името на Заев.

Популарно