Музичарот кој го возел Шабан, медиумите го прогласија за мртов. но...

Музичарот кој воедно и го управуваше возилото во кое загина Шабан Шаулиќ починал во болница во Германија, пренесе менаџерот на Шаулиќ.

Тој вели дека му се јавиле од германската болница и му соопштиле дека повредениот Мирсад Кериќ им подлегнал на повредите, но сепак синот на музичарот тврди дека неговиот татко е жив и ја демантираше веста.

-Како што дознавте преку медиумите, мојот татко Мирсад Кериќ имаше тешка сообраќајна несреќа. Мојот татко не умре, он е на интензивна нега и се бори за својот живот. Јас и мојата фамилија ги замолуваме сите медиуми да престанат да пренесуваат лажни информации дека мојот татко умрел, татко ми се уште е на апарати. Ве молам да се молите за мојот  татко, фала, напиша Денис, синот на Мирсад.

ФОТО: Погледнете ја првата љубов на Чолиќ, а и посветил и песна

Најголемиот завотник на балканот Здравко Чолиќ, сега е брак со Александра и тоа веќе две децении, но неговата сопруга ретко се појавува во јавноста.

Чолиќ открил дека со актерката Јасна Орнели Бери му била прва љубов, но ретко зборува за неа, па затоа детали за нивниот однос откри таа.

Тие се вљубиле кога биле многу мали, во Сараево.

-Дел од моето срце секогаш било резервирано за него- рекла таа во една емисија.

Иако е сега во среќен брак, оваа дама завземала и посебно место во срцето на Чола.

-Прв пат после возјата се сретнавме во Белград. Таа средба нема никогаш да ја заборавам, беше толку емотивна.Тој е фасцинантна личност и својата харизма ја одржува и денес.Тој ми посвети и песна "Noć mi te duguje" која сај ја напишал, рекла таа.

ФОТО: Цеца ја реновираше својата вила - луксузен дом со сауна

Светлана Цеца Ражнатовиќ отсекогаш со гордост зборувала за своето родно село Житораџе, а сега на Инстаграм сподели и фотографии и снимки од семенјата куќа во која пораснала.

Евидентно е дека куќата е реновирана, па не може да се знае како изгледала додека дивата живеела таму со родителите, но фановите биле воодушевени и од овие фотографии.

Инаку, Цеца неодамна заврши и со реновирање на делот со базенот во својата вила на Дедиње во која живее со години, со што се пофалил и нејзиниот син Вељко.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Home sweet home 😊 #oporavak #killtime #swimmingtraining #May31st_imcomingforyou

A post shared by SERBIAN ACE 🇷🇸 Српски Ас (@veljkoraznatovic) on

ФОТО: Огромна радост во домот на Борко Ристовски

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски на почетокот на годината заедно со сопругата Нина Ристовска направи свадба, а сега се посветени на синчето.

Овој пат Нина сподели убави и радосни вести односно откри дека синчето ги пуштило првите чекори.

- „Лесни чекорчиња љубов мамина“ стои во описот на најновата фотографија.

Популарно