Гоца Шаулиќ, сопругата на покојниот Шабан Шаулиќ со која беше 43. години во брак и има три деца, Санела, Илда и Михајло, побарала само едно нешто за погребот.
Таа скршена од болка едвај побарала од децата да стават качкет на главата и пари во рацете.
- Што ќе ми го животот, што ќе правам јас без Шабан во оваа куќа, плачела таа.
Тој почина викендов во страшна несреќа кога пијан возач му удри во автомобилот.