УШТЕ ЕДНО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ: Се бара Марика од Маџари!

Марика Гиовска од скопската населба Маџари е исчезната.

Нејзиното семејство  информира дека госпоѓата го напуштила домот рано утрово.

83-годишната Марика има здравствени проблеми и не знае сама да се врати дома.

Доколку некој ја види или има било какви информации, ве молиме да ја исконтактира Елизабета на телефонскиот број 071-329-292

Кучињата скитници напаѓаат граѓани во Аеродром и Центар

На 25.06.2019 година во 13:45 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.М.(66) од Скопје пријавила дека на булевар „Видое Смилевски Бато“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

На 25.06.2019 година во 17:30 часот во Полициската станица Центар, К.Ч.(35) од Скопје пријавил дека на улица „Ѓорѓи Пешков“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 25.06.2019 година во 11:00 часот во Полициската станица Центар, С.Б.(23) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Србин се обидел да убие Македонец!

Малтешката полиција е во потрага по Србин кој е осомничен за наводниот обид за убиство во Бугиба на северот од Островот.

Жртва е 58-годишен Македонец кој и натаму е во тешка здравствена состојба по нанесените повреди.

Како што пишува „TVM“, полицијата добила повик во понеделникот дека дошло до пресметка, при што едно лице било избодено со нож. Повредениот крвав влегол во болницата „Матер деи“, каде му била пружена медицинска помош, а потоа дошла и полицијата за да обезбеди повеќе информации.

Во моментов се трага по сторителот на делото, а од полицијата замолија сите кои имаат некакви информации за напаѓачот да пријават во најблиската полициска станица.

ВИДЕО: Тепачка за паркинг место во Струга

Тепачка се случи денеска на паркинг во Струга, во која учествувале повеќе лица.

Се претпоставува дека причините за тепачката се поради паркинг место, а на видео-записот се гледа како еден од автомобилите е многу оштетен.

Популарно