Познат идентитетот на девојката со ампутирана нога

Младата Ерза Османи е девојката која е најмлада жртва од кобната несреќа која се случи кај Ласкарци минатиот месец.

Д-р Алберт Леши, од Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување при Ургентниот центар за Независен изјавил дека нејзиното срце престанало да чука и покрај сите напори на докторите.

Таа се соочи и со тешки повреди на коските, на мускулите, на карлицата и на стомакот, а и беше ампутирана и ногата.

Таа е најмлада жртва заедно со уште едно 19-годишно момче.

Ја сретнала во центарот на Скопје и и земала 700 евра за да и ја тргне магијата!

Бугарската државјанка С.Н.Б.(56), со живеалиште во Скопје, била уапсена поради постоење основано сомнение дека, доведувајќи ја во заблуда, на жена од Скопје ѝ земала 700 евра и две златни лири. 

С.Н.Б. случајно ја сретнала оштетената во центарот на Скопје и, според пријавеното, во разговор ѝ кажала дека забележала дека има проблеми, дека ѝ е направена црна магија и дека таа може да ѝ помогне да ја истера магијата. Тие имале средби во центарот на Скопје, при што во три наврати С.Н.Б. одзела вкупно 700 евра и две златни лири од оштетената. 

При лишувањето од слобода, кај С.Н.Б. биле пронајдени златните пари и девизите и ѝ биле вратени на оштетената. За случајот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање против С.Н.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Југо се заби во автомобил во Скопје

Во 17.35 часот на улицата „Кемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо“, управувано од 37-годишниот А.М. од Скопје и патничко возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот М.А. од Скопје.

По незгодата М.А. и сопатниците од нејзиното возило „Пежо 307“, И.Н.(32) и две деца на возраст од 10 и осум години, сите од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле  пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди и им била укажана лекарска помош.

Кај А.М. се констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Хорор во Македонија!

Околу 14,20 часот се случила вистинска драма кога било пријавено дека во селото Луково-кратовско, 57-годишниот Г.К. од Кратово, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на 66-годишниот Р.А. од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на местото на настанот.

Потоа Г.К. со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за Судска Медицина-Скопје за обдукција.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.

Популарно