Погледнете ја најпривлечната особина на вашиот хороскопски знак

Хороскопот може да ни открие колку сме им привлечни на другите луѓе, а секој хороскопски знак има нешто што го прави посебно привлечен.

Во продолжение погледнете кои се вашите најпривлечни особини.

Овен

Жената во знакот на Овен е силна и самоуверена и секогаш го добива она што го сака, а нејзината најпривлечна особина е независноста.

Бик

Бикот е социјален знак којшто сака да ужива во животот и да биде во центарот на вниманието. Способноста да се издвои од толпата многумина ја сметаат и за негова најпривлечна особина.

Близнаци

Близнаците делуваат срамежливо, но многумина баш поради тоа не можат да им одолеат. Нивната повлеченост и фактот дека сакаат да остават впечаток дека е тешко да ги освоите, прават да бидат уште повеќе посакувани од другите.

Рак

Ракот ги привлекува другите со својата топла и грижлива природа. Луѓето едноставно се чувствуваат добро кога ќе успеат да се приближат до овој знак.

Лав

Доминантен и никогаш пасивен, Лавот знае дека најважна работа е довербата. Тој е главен, а другите го слушаат. Лавот е тој кој го прави првиот чекор и ја загрева атмосферата каде и да се појави.

Девица

Девицата ја краси уметнички и лингвистички ум, а нејзиното вешто бирање зборовите може да го импресионира секој.

Вага

Познат како еден од најпосакуваните хороскопски знаци, Вагата е преполна со шарм, убавина и љубезност. Вагата е онаа магична девојка која мажите ја набљудуваат како во забавена снимка од филм што го гледаат прв пат во животот.

Шкорпија

Шкорпијата е важна и страсна, зрачи со енергија со којашто лесно ги заразува сите околу себе.

Стрелец

Стрелецот се смета за најсреќниот знак во хороскопот, но тој е и повеќе од тоа. Другите неговата спонтаност ја сметаат за многу возбудлива и привлечна, затоа што Стрелецот секогаш е подготвен да испробува нови работи.

Јарец

Брзиот ум и смислата за хумор се главни извори на сексапил кај Јарецот.

Водолија

Водолиите секогаш мислат на другите и се многу пријатни личности, па токму поради ова им се најпривлечни на другите. Секогаш го кажуваат и го прават она што треба за повторно да го освојат и импресионираат партнерот.

Риби

Малку мрачната и мистериозна природа е главната предност на Рибите. Изгледаат како повлечени и заробени во свој свет, што може да изгледа како да имаат осамен живот, но таквата нивна природа е магнет за луѓето.

Дневен хороскоп

Овен -Маки на работа, среќа во љубовта

Драги Овни, оваа недела, пред се на деловен план, ќе треба д аги искористите сите добри карти кои ги чувате и тоа да го направите до четвток, зашто потоа Меркур ќе ви го заврти грбот. Во следните седмици нема да биде едноставно да се реализираат проектите и често ќе наидувате на неприфаќање на вашите идеи од колективот. Многу среќа пак, ве очекува на сентиментално поле – преубавата Венера ќе ги поддржи вашите врски и ќе создава нови.

Бик – Среќни денови

Одлични вести пристигнуваат за вашиот знак – почнувајќи од четврток, може да сметате на поддршката на Меркур. Оваа планета, во наредните седмици, ќе ви донесе многу нови можности на работен план и ќе ви отвори нови врати за соработка. Нема да има потреба да се грижите за финансиите. Оваа недела најсреќни денови за вас ќе бидат вторник и среда, кога ќе ја имате поддршката и од убавата Месечина која ќе ви донесе убава вест.

Близнаци – Со вас е Меркур

Се до четврток може да сметате на поддршката на Меркур – профитирајте од оваа конјукција и искоритете  ги деловните можности до максимум. И Венера е на ваша страна, таа ќе ви подари нови средби и ќе ви донесе среќа на емотивен план. Осамените Близнаци треба почесто да излегуваат – зад аголот е едно многу интересно лице, додека оние кои се веќе во врска ќе уживаат во романтични мигови со партнерот. Единствен негативен ден во неделата е понеделник, кога нервозната Месечина може да ви донесе лошо расположение.

Рак – Ѕвезди на неделата

Драги Ракчиња, конечно тркалото на среќата се заврте на ваша страна! Почнувајќи од четврток, планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак – тешкотиите со кои се соочувавте на работа уште од почетокот на 2019, сега ќе станат минато. Ќе пристигнат преубави новости и можности на деловен план, а финансиите конечно ќе ви се подобрат. Внимавајте само на нервозниот ден – вторник.

Лав – Месечина во опозиција

Првиот дел од неделата ќе биде подобар од вториот. Може да сметате на поддршката од Венера, Меркур и од Месечината кои ќе ви подарат убави нови можности. Особено среќен ден е понеделник. Почнувајќи од четврток пак, ќе мора да се соочите со три дена кога Месечината ќе биде во опозиција и ќе ви донесе нервози. Внимавајте на психофизичкото здравје во овој период.

Девица – Ќе ви тргне на работа

Последните седмици беа посебно тешки за вашиот знак, но сега конечно може да сметате на олеснување. Додека Венера, за жал, сеуште е неповолна и ќе ви носи тензии во љубовните врски, планетата Меркур е на ваша страна и ќе ве наградува со нови проекти на деловен план и стабилни финансии. Искористете го периодов за да влезете во рамнотежа и да се вратите посилни од билокога!

Вага – Викенд на љубовта

Искористете ја до максимум оваа седмица за да ги систематизирате важните прашања на работното место, зашто почнувајќи од четврток нема да може да сметате повеќе на поддршката од Меркур, кој до сега ви носеше среќа на работа. Во љубовта, Венера гарантира нови љубовни средби и многу романтика, додека оние кои се во врска ќе уживаат во разбирање со партнерот. Крајот на неделата е посебно романтичен и полн со страст.

Скорпија – На повидок убави изненадувања

Драги Шкорпии, во последно време работите не одеа онака како што посакувавте, особено на работен план – но сега тоа ќе биде минато. Одлични вести на деловен план пристигнуваат веќе од четврток, кога планетата Меркур се враќа да ви се насмевне и да ве поддржи во идните деловни проекти. И на љубовен план на повидок се денови полни со еуфорија, со нови можности и убави вести.

Стрелец – Нови прилики

Последниот период не беше лесен за вашиот знак, ни на сентиментален ниту на деловен план. Сега конечно работите се систематизираат и се враќаат во нормала, а расположението ќе ви се поткрене. До сега Венера беше во опозиција и ви носеше кавги и тензии со партнерот, но од четврток и Венера и Меркур ќе престанат да ви ставаат пречки – а пред вас одеднаш ќе се отворат бројни нови можности.

Јарец – Непријатности на работа

Работата за вас е константна мисла па нема да ви се допадне што – почнувајќи од четврток – нема д аимате среќа на деловен план. Може да се соочите со пречки, кочници или поништувања на проекти поради опозицијата на планетата Меркур. Вооружајте се со трпение и подобро е да појдете на годишен одмор, отколку тврдоглаво да се турката работата која во овој период тешко ќе оди. Денови за љубов се вторник и среда.

Водолија – Време е за љубов!

Венера е поволна за вашиот знак и ќе направи вашата врска да стане посилна, а оние Водолии кои се сами ќе добијат можности да почнат нова љубовна приказна. Четврток, петок и сабота се посебни денови полни со љубов, кога и убавата Месечина ќе ве поддржи, носејќи ви супер расположение, романтика и среќа. Убави вести пристигнуваат и на работа, во првиот дел од неделата.

Риби – На работа супер, љубовта доцни

Оваа седмица планетата Меркур ќе престане да ви создава пречки и кочници на деловен план – во последниот период имавте доста проблеми, а сега ќе успеете да се наметнете над работниот колектив и сите ќе ве слушаат и почитуваат. Вашите вредности и труд конечно ќе бидат препознаени и наградени. На сентиментален план, Венера не е поволна за вас, па за љубов ќе мора да почекате извесен период.

Дневен хороскоп

Овен (21.03 – 20.04)

Мирен викенд кога станува збор за работата. Аспектите се многу поволни за брак и за проширување на семејството. Преиспитајте ги своите критериуми и дадете го максимумот со цел да го продолжите животот на поинаков начин.

Бик (21.04 – 21.05)

Еден сосема обичен викенд. Можни се повреди на работното место, бидете внимателни. Се што мислитие и правите ќе се одрази на вашето здравје и успех. Имате потреба од силна прегратка и поддршка.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вие не сте подготвени да се откажете од своите планови. Имате посебни визии кои морате да ги реализирате. Денес често се користат преговарачките способности за да дојдете до целта. Засилете ја физичката активност.

Рак (22.06 – 22.07)

Нежното здравје и слабото расположение влијаат на квалитетот на врската. Успех на деловен план, добри вести, добар партнерски договор. Викендот поминете го со луѓето кои ве лекуваат со нивното присуство.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе имате многу енергија, па одлично ќе ви напредуваат работите поврзани со учење нови нешта. Ќе успеете да ја отворите вратата која подолго време ви била затворена. Ве очекува голем успех. Финансиската состојба не ви е стабилна.

Девица (23.08 – 22.09)

Времето ќе го поминете со саканото лице. Можни се проблеми на работа, непредвидени околности и некој тажен епилог. Нема да дозволите некој да ве посоветува. Можна е настинка.

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува многу успешен период. Важно е да направите дополнителен напор на разни деловни полиња во текот на целиот викенд. Ве очекува сатисфакција, признавање од некој и напредување во брзо време. Во полето на љубовта се останува исто.

Скорпија (23.10 – 21.11)

Не се навраќајте на старите нешта. Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За се друго гледајте само напред.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Избегнувајте несериозни и проблематични лица и расправии со нив. Можни се загуби на пари на игрите на среќа. Периодот не е поволен за барање на зголемување на платата. Ќе бидете силни, здрави и издржливи на болести.

Јарец (22.12 – 20.01)

Во љубовниот и семејниот живот ќе морате да вложите малку повеќе енергија од нормата на која сте навикнале. Понекогаш љубовта бара и поголемо жртвување, докажете дека го умеете тоа и дека блиските ви се многу повеќе важни.

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред вас е период кој носи широки можности за професионално усовршување и напредување. Ќе успеете да ги остварите сите големи амбиции, но неопходни се извесни одрекнувања. Во љубовта се е совршено.

Риби (20.02 – 20.03)

Партнерот ве става на маки очекувајќи да ја признаете својата грешка. Размислете добро како ќе го завршите непријатниот разговор. Изложени сте на различни притисоци и често се наоѓате под стрес.

Овие два знаци никогаш нема да успеат

Кога тие двајца ќе се најдат во врска, во кревет… настанува целосна катастрофа.

Овен и Рак

Нема полоша комбинација од овие два знаци. Тие се целосни две спротивности. Овнот сака да се движи, да патува, да доминира, додека Ракот сака да се стутка на софата со добра вечера и филм. И двата знаци константно влечат на своите страни кои немаат врска една со друга.

Постојано се расправаат и едноставно како да зборуваат на друг јазик. Кога ќе дојде до конфликт, Овнот е тој кој не се грижи за ништо, додека Ракот е емотивен и тажен.

Едноставно, личностите родени во знакот Овен постојано посакуваат динамика, брзина и натпреварување. Тие секогаш се први во сè, од работа до дружење. Ракот тежнее кон семејството, домот и мирот.

Популарно