Ауди се заби во Брза помош во Скопје

Страшна сообраќајна несреќа доцна синоќа се случи во Скопје, кога кај тутунскиот комбинат „Империјал Тобако" автомобил Ауди се заби во Брза помош, пишува Слободен Печат.

Во сообраќајката повредена е една девојка, која според присутните на лице место на настанот, доживеала потрес на мозокот, а најверојатно во Аудито имало две девојки.

Другата девојка имала мала повреда на главата, додека тешко повредената била транспортирана во болница.

Се очекуваат детали.

Жена пронајдена мртва во својот стан во Скопје

Вчера во 17 часот и 33 минути во Единицата за известување и команда -Скопје,42- годишната А.В од Скопје, пријавила дека на улица „Виа Игнатија“  во станот на нејзината баба, 82- годишната М.Д, која живеела сама.

Според пријавеното ја пронашла М.Д. почината, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција. 

Шест годишно дете исчезна додека се лулало на детско игралиште

Во Секторот за внатрешни работи во Тетово вчера било пријавено дека од саботата,18 мај, е исчезнато дете. Жител на Прилеп пријавил дека во Тетово е исчезнато неговото шестгодишно дете.

– Дваесет и деветгодишниот Е.М. од Прилеп, вчера (20 мај) во 11 часот и 30 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавил дека на 18 мај годинава околу 21 часот, додека играл на лулашките во забавниот парк на Спортскиот центар во Тетово, наеднаш се изгубил нивниот шестгодишен син, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Прилепчанецот во полицијата истакнал дека од саботата до понеделникот заедно со сопругата го барале детето, па потоа се одлучиле да го пријават исчезнувањето.

– Според исказот, тројцата членови на семејството времено дошле во Тетово од Прилеп. Во Тетовско престојувале десетина дена и работеле на собирање на старо железо, информираат од СВР Тетово.

Оттаму соопштија дека се преземаат повеќе мерки со цел да добијат повеќе информации и да се најде детето.

Охриѓанец ќе одговара пред полицијата за пост на ФБ

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишниот Р.Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 04.04.2019 година на социјалната мрежа ,,Facebook”, преку неговиот профил ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација или насилство, кон одредена група, претставници на една политичка партија.  

Популарно