ВИДЕО: Драган Спасов Дац му подари метла и лопатка на Заев

Ќе излезам овде и како првиот и единствен човек кој даде оставка од морални причини, имам и морална одговорност да ја дадам оваа метла за оваа чистка која треба да се направи, рече познатиот актер Драган Спасов Дац поклонувајќи му метла и лопатка на премиерот Заев.

На ова премиерот му одговори дека е убава метлата, а Дац дополни дека со истата може да се собере доста „ѓубре“.

Ова наиде на огромен аплаузи и скандирање од присутните.

Навистина сум човек кој од секогаш го сакал СДСМ како партија и сум гласал за оваа партија. Сум се гордеел со СДСМ и ќе продолжам да се гордеам, сигурен сум дека мојот иден претседател е Стево Пендаровски, рече Дац. Ова можете да го погледнете на 57 минута од видеото:

Ременски: Внатрешна истрага во МВР за веста дека Нина „групер“ има кривичн досие!

Итна внатрешна истрага и реакција од МВР веднаш бара пратеничката Фросина Ременски околу објавувањето на веста од страна на порталот „Лидер“ за „протечените документи“ кои според порталот откриваат дека Нина Ангеловска (позната како Нина „Групер“) била „сторител на кривични дела“.

Како што објаснува Ременски, таа не бара реакција од МВР заради тоа што се работи за кандидаткатата за министер за финансии, туку заради неопходната потреба да се заштити злоупотребата на службените евиденции на МВР од користење во име на сензационализам кој има за цел однапред да фрли дамка на личност што треба да извршува важна државна функција.

„Лесно проверливо е кој, од каде и во кој временски период влегол во базата за криминалистичка евиденција на МВР за да обезбеди ‘ексклузива’ за сторен сообраќаен деликт. Форматот во која е објавена веста потврдува за автентичноста на базата со која располага МВР. Очекувам внатрешната контрола и МВР да си постапат по стандардните оперативни процедури и да откријат кој бара сензационализам со оддавање на класифицирани информации“, вели Ременски.

На Русковска не и јасно како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“ и најави дека ќе утврдува како тие протекле во јавноста.

<div id="mvp-content-body-top" class="left" relative"="" style="margin: 0px; padding: 0px; border: 0px; vertical-align: baseline; outline-style: none; float: left; width: 820px;">

Претдходно денеска, дел од медиумите објавија изјава за кој тврдат дека ја дал бизнисменот Орце Камчев покренувајќи кривична пријава за случајот „Рекет“, а се однесува на тоа кој сѐ бил замешан во рекетирањето. Од Обвинителството по тој повод велат дека освен како моментална сензација, ваквите објави не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел.

„Од започнување на истражната постапка, водејќи се од големиот интерес на јавноста, обвинителството секојдневно настојува во рамките на можностите да сподели детали што нема да наштетат на истрагата, а на јавноста ќе и овозможат да има реална слика за текот на постапката. Во таа насока, имајќи ја предвид сензитивноста на предметот, во неколку наврати укажуваме дека само официјално добиените информации од обвинителството се веродостојни“, велат од Обвинителството.

Тие не ги коментираат информациите изнесени во јавноста, но потенцираат дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело.

Со протекување на ваков вид документи, додаваат од Обвинителството, се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката.

„Во интерес на понатамошното непречено спроведување на истражната постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе преземе дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите“, додаваат од ОЈО.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница.

„Северна“ влегува и во името на МАНУ?

Собраниската Комисија за oбразование, наука и спорт во вторник (27.08.) ќе дискутира за Предлог – законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите.

Овој Предлог закон предвидува името на Македонската академија на науките и уметностите да се промени во „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ“.

Популарно