Зошто Интерпол уште не ја објави потерницата за Груевски?

МВР неколкупати контактира и поднесува документи и преку своите кадри и преку Министерството за правда за распишување меѓународна потерница по поранешниот премиер Никола Груевски. Документите за распишување на потерницата по Груевски за терористичко загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 април се доставени до Интерпол и очекуваме потерницата да биде објавена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по официјалното почнување на Твининг проект за усогласувањње на националните системи со ЕУ и шенгенските барања за гранично управување.

Интерпол, вели Спасовски, се уште врши некакви испитувања. Тој смета дека потерницата што е испратена ги исполнува критериумите за да биде објавена.

Нагласи дека потерницата со сите потребни документации и без никаков недостаток е доставена до Интерпол.

Спасовски е уверен дека нема никаква правна пречка потерницата за Груевски да биде објавена во Интерпол, особено за вакви кривични дела и очекува дека врвот на Интерпол ќе донесе таква одлука.

Во врска со тоа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ вршела влијанија врз судии и дали тоа е пријавено во обвинителството, Спасовски одговори оти тоа е факт.

-Вие сите како новинари разговарате за „сваровски судство“ и за вршење притисок врз судството. Јас на моето интервју укажав и сега укажувам дека за подобрувањето на правниот амбиент во државата, на можноста да имаме навистина правда за сите во државата, треба навистина да се поведат одредени истраги и против судии, и против обвинители, и против припадници на МВР ако сакаме беспрекорно да имаме подобрување во оваа сфера. Затоа што не е прифатливо МВР да отвора случаи, да ги води, да дојдеме до ситуација на покренување истрага, апсења и по неколку часови тие исти луѓе да бидат пуштени од страна на судот, рече Спасовски.

ВИДЕО: Полицијата влезе во 1ТВ!

Пред половина час, инспектори заедно со полиција влегле во 1ТВ, чиј сопственик Бојан Јовановски познат како Боки 13 е успсен попладнево.

Неофицијално, се проверува документацијата на медиумот, по наредба на Обвинителството за организиран криминал.

1ТВ беше отворена лани во март. Сопственик на тв е БМЈ медиа груп, фирма чии газди се Јасна Ерцеговиќ и таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

Боки 13 не фигурира никаде во сопственичката структура, но се претставуваше како сопственик на телевизијата.

Миленко Неделковски: Полиција е влезена во станот на Катица Јанева во Скопје

Контроверзниот новинар, Миленко Неделковски, на својата фејсбук страна објави, како што тој вели, ексклузивни информации во врска со случајот за изнуда од страна на Боки 13.

Миленко уште пред неколку недели пишуваше дека Боки13 изнудувал пари од Орце Камчев, но и дека за тоа постои „бомба“, што чека да се објави. 

„Најнови вести. Ексклузива:

1. Во овие моменти полиција е влезена во станот на Катица Јанева во Скопје. Се очекува привефување и 30 дневен притвор.

2. Сопатник на Боки 13 на граничниит премин Богородица била Лила Филиповска. По апсењето на Боки 13, таа останува во Фламинго плачејки и со лекарства за смирување.

3. Најдоцна до утре се очекува приведување на уште два обвинитела од СЈО (едно машко и едно женско лице, македонец и албанка) за рекет над Томче НОЕЛ од 600.000 евра.

4. Има уште еден случај кој е жежок, а се работи за судија во Основен 1, поранешен портпарол на судот. Се работи за рекет од 250.000 евра.“

Лидер: Орце Камчев бил „рекетиран“ од Боки 13

Јордан (Орце) Камчев бил мета на рекет од страна на Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Кичеец – пишува, Лидер повикувајќи се на извори на истрагата.

Бизнисменот кој е сопственик на Орка Холдинг, Аџибадем Систина, ЗК Пелагонија и уште неколку успешни бизниси. Во минатото тој се поврзуваше со името на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Камчев го пријавил случајот откако осомничените и пристапиле на неговата сопруга и на неколку средби со него им побарале 8 милиони евра за ослободителна пресуда за случајот на СЈО “Империја” или 5 милиони евра за поблага пресуда.

Целиот текст, прочитајте го на Лидер.ком.мк

Популарно