Ахмети: Не сум разговарал со Заев за „метлата“

Претседателот на Демократската унија за интеграција, на Али Ахмети останува на барањето за ветинг на пратениците и функционерите.

Ахмети вели дека на тој начин ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето на лажните вести. 

За смена на кадри, Ахмети вели дека засега не разговарал на таа тема со премиерот Зоран  Заев, и чека да поминат обврските на премиерот за да договорат состанок на таа тема. Заев од Виена повторно најави дека промените на дел од функционерите кои потфрлиле во својата работа ќе се случат на почетокот на идниот месец и кажа дека граѓаните испратиле јасна порака дека промена е потребна. 

Анкета на ИПИС: Ако утре има избори најголем број од граѓаните не би гласале!

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе  истражување во периодот помеѓу 14 и 16 Јуни 2019 година на 1119 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови околу нивната поддршка на политичките партии. Целта на истражувањето беше да се анализира ефектот од резултатите од претседателските избори врз поддршката на политичките партии.

Според објавената анкета ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 21,2 % од испитаниците, СДСМ 19.5 %, а ДУИ 4.6%, но дури 22% не гледаат опција за која би го дале својот глас.

Кај етничките Македонци ВМРО-ДПМНЕ ужива поддршка од 27.8 % додека СДСМ ја поддржуваат 22.6 % од анкетираните.

Ако не добиеме датум до октомври ќе се стави точка на ЕУ перспективата

Ако не добиеме датум до октомври, тоа ќе биде точка на нашата ЕУ перспектива, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес конференција со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мирослав Лајчак кој е во посета на Скопје.

Димитров вели дека нашата земја сторила многу и дома и во поглед на решавање тешки прашања, во последните две години и дека ни претстои огромна шанса.

Успехот на Северна Македонија ќе биде важен сигнал за целиот регион, дека европската врата е отворена, доколку такво нешто не се случи, тогаш тоа ќе биде точка на таа перспектива и мислам дека товарот во следните неколку месеци е на земјите членки, рече Димитров.

Популарно