ФОТО: Каде точно била поставена ekcплозивна напpaва во прилепската чаршија

Врие од полиција во прилепската Стара чаршија. Припадници на МВР го обезбедуваат просторот околу локалите во близина на Градската саат кула, а според информациите од граѓани очевидци непознато лице оставило бомба кашикара во еден од локалите, објави Маркукуле.мк

На социјалните мрежи веќе се појави фотографија од бомбата, а полицијата работи на отстранување на ekcплозивната направа.

Автомобил прегази жена- со тешки повредни пренесена на Клиника

Жена пешак со тешки телесни повреди била префрлена на Килника откако претходно во неа удрил автомобил.

„На 20.09.2019 во 10.30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(47) од Скопје, удрило во пешакот Б.Ѓ.(41) од Скопје“велат од МВР.

Во незгодата, Б.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Уапсен старец во Чаир - приведен во полициска станица Бит Пазар

Вчера во Полициската станица Бит Пазар бил приведен Н.З.(70) од Скопје.

-При претрес во неговиот дом на ул.„196“ во Чаир, извршена со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол непозната марка и една рамка со осум куршуми непозната марка и калибар- соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Товарен воз удри во маж кај железничка станица Илинден

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил товарен воз кај железничката станица Илинден.

-Синоќа во 02:30 часот по полноќ на железничката станица Илинден, товарен воз кој сообраќал на релација Табановце – Трубарево - Гевгелија удрил во едно лице. Лицето, кое е најверојатно мигрант, се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР.

Популарно