Рускоска: Имаше интерес кај некои за спогодба

Вечерва во својата изјава за медиумите од страна на обвинителката Вилма Рускоска од обвинителството за организиран криминал и корупција беше откриено дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата за „Рекет" се понудил да се спогоди и да сведочи, меѓутоа тоа не се случило, пренесува Фокус.

-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, рече Русковска.

За пратеничката Фросина Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од предметот Рекет, рекла дека се барани само мерки за претпазливост: одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот. Најави дека другите осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.

Таа кажа дека документите од истрагата за „Рекет“ кои протекоа во јавноста, не се излезени од Обвинителството.

-Одговорно тврдам дека документите објавени од истрагата за Рекет не се излезени од Обвинителството. Може да се види дека оние документи кои протекоа се копии, а во Обвинителството ги има само оргиналите. Обвинителството доставува копии до Судот, рече Русковска.

Јасна Мандиќ, која е потпретседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ и една од новоосомничените во проширената истрага за Рекет денеска беше донесена во Кривичниот суд да даде исказ за предметот Рекет. За неа обвинителството бара мерка притвор.

Поскапува регистрацијата на возилата

Од денеска граѓаните плаќаат поскапа регистрација на возилата.

Цената на полисата за автодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5 453 денари за полиса за осигурување за 44 до 55 киловатно возило, сега треба да се издвојат 6 292 денари или 893 денари повеќе. 6166 чинеше досега полиса за автоодговорност за восила од 55 до 66 киловати. Со промените на цените сега тоа ќе ги чини граѓаните 7 115 денари. 8 233 денари сега ќе се пллаќа за полиса за автоодговорност за возило кое е од 66 до 84 киловати, ставка која досега изнесуваше 7 134 денари. За возило од 84 до 110 киловати новата цена на полисите е 9 820, а досега чинеше 8 510 денари. 15,4 отсто е и зголемувањето на цените на полисите за возила над 110 киловати, односно наместо 10.294 колку што се плаќаше досега, ќе се плаќа 11 878 денари.

За возилата до 44 киловати цената на полисите за автоодговорност остануваат исти.

Се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност. 30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена. Истото важи и за доплатоците за рент а кар возила, за возила кои имаат над 5 седишта, возила кои се товари, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата.

Информацијата за покачување на цените осигурителните компании ја добиле во понеделникот. Биле известени од страна на Националното Биро за осигурување. Во информацијата било наведено дека новите цени треба да се применуваат од четврток.

Неколку скопски општини денес без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Петровец, Ѓорче Петров и Сарај, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Кожле, Тунел Катланово и селото Бадар во Општина Петровец.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „52“ кон обиколница во Стопански Двор во Општина Ѓорче Петвов.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Сарај кај општината во Општина Сарај

Монструм од Македонија три месеци силувал малолетничка

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Популарно