Катица Јанева задржана во болница

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба, изјави за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. Здравствената состојба на Јанева, според Фрчкоска, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност. Јанева претходно".

Претходно судот го одби барањето на одбраната за домашен притвор на Катица Јанева.

Од Понеделник повторно ќе нема полициски час

Од понеделник најверојатно повторно нема да има полициски час. Оваа најава на вчерашната пресконференција стигна од министерот за здравство Венко Филипче. Но, како што и самиот нагласи, тоа го вели со резерва, бидејќи конечната одлука ќе се донесе или утре, или во понеделник наутро. 

Причина за ова може да биде што најголемиот број од новозаболените се со лесни симптоми, што покажувало дека вирулентноста на вирусот слабее, и дека нема да се случи опасното сценарио, односно да се пренатрупаат болниците со пациенти. 

„Ние впрочем, од понеделник најверојатно, и ова ќе го кажам со резерва, бидејќи одлука ќе се носи во недела или понеделник наутро, нема да има никаква рестрикција, ќе биде така како што беше до четвртокот, насекаде. Но, ќе имаме целосен увид, сите позитивни ќе бидат веќе ставени во изолација, ќе ја следиме и нивната состојба. Многу од нив не развија симптоми, 90 отсто веројатно ќе поминат и без никаква терапија. Значи, имавме еден пристап со кој го проценивме ризикот врз здравствениот систем, и плус што имаме доказ дека вируленцијата опаѓа“, рече министерот. 

Тој признава дека откако настапи полицискиот час, се пренатрупаа туристичките места во земјава. Но нагласи дека мерките секаде и сега и во иднина ќе мора да се почитуваат, бидејќи во следните чекори се очекува ново олабавување на мерките, како што се отворање на хотелите и слично.

„Сметам дека можеби поголем број граѓани заминаа, но тоа се очекува кај продолжен викенд. Но, мора да се почитуваат мерките. Ние ќе треба да научиме да живееме со ова и понатаму. Секој следен викенд ќе биде со убаво време, и е можност луѓето да заминат во туристичките места. Инаку, ние во мерките за олабавување кои се планирани во следните чекори, планираме и отворање на хотелите и тн. Затоа, каде и да одат граѓаните, овие мерки се универзални и важат за сите, односно максите, дистанцата и честото миење на рацете“, нагласи првиот здравствен работник.

Инаку, откако се појавија новите драстично зголемен број на случаи, здравствените власти почнале со интенивни тестирања.

„Што ни покажаа првичните резултати откако повторно почнаа да доаѓаат случаи? Во рамките на семејствата, околу оние семејни настани на 24 и 25 мај, и неколку дена претходно, се покажа дека има одреден процент на асимптоматски носители, и заради тоа интензивно ги истестиравме сите примарни контакти на претходно дијагностицираните, најголем дел од околу 15 семејства од Скопје. Но, 90 отсто од нив се асимптоматски, а другите имаат сосема лесни симтоми. Ова го направивме со цел да се процени ризикот за здравствениот систем, да се процени дали може да се очекува некаква тешка форма на болеста кај новодијагностицираните и да се соочиме со сценарио во кое би се пренатрупале болниците. Но тоа не е случај, и тоа го докажавме со ова интензивно тестирање на примарните асимптоматски контакти. Кај членови на едно семејство, само еден член има лесни симптоми, останатите девет се асимптоматски носители. Значи, моравме да процениме дали има опасност капацитетот на болеста да прерасне во тежок, што не се случува во изминатите две недели, значи дека има податок дека вируленцијата опаѓа, а во исто време знаеме и дека не е здравствениот систем во ризик. Затоа се зголемија тестирањата, и во семејствата кеде некои членови немаат никакви симптоми. И сега имаме јасна слика“, нагласи Филипче.

Последниот селективен карантин, кој важи само за некои општини, тој го правда што овие заболени дале податок дека се движеле низ целиот град Скопје.

„Моравме да ја направиме оваа рестрикција за да се заштити целиот главен град. Мислам дека на другите места каде што има спорадични случаи нема потреба од целосна рестрикција“, објасни министерот.

ВИСТИНСКИ ХЕРОИ

Храбар потег на момчињата кои одлучија да не ги чекаат пожарникарите… Голем пожар избил во една стамбена зграда во Париз, а еден стар човек бил заробен во својот дом.

Густиот дим излегувал од станот, а старецот стоел на терасата и чекал да дојдат пожарникарите бидејќи не бил моќен сам да се спаси.

Но, насобраните граѓани одлучија да не чекаат повеќе, па се организираа сами. Тројца храбри момчиња се искачија на вториот кат до соседниот стан, а потоа преку терасата го извлекоа стариот човек кој веќе бил зашеметен од димот.

Хуманоста на дело – Браво!

Ова се неофицијални сознанија од Комисијата за заразни болести

Фактор дознава дека бројките на новозаболени во изминатово деноноќие ќе бидат отприлика идентични како во текот на вчерашниот ден.

Ова се неофицијални сознанија од Комисијата за заразни болести.

Како што е познато, вчера беа регистрирани 180 новозаболени од коронавирусот, што е најголем рекорд откако изби епидемијата на КОВИД-19 во земјава. Од нив, 106 лица беа во главниот град Скопје. 

Во податоците што ги објави Институтот за јавно здравје се наведува и дека се чекаа резултати за 24 лица, што значи дека и тие можат да влезат во категоријата новозаболени ако се докаже дека се позитивни.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека можно е од понеделник повторно да нема полициски час, откако ќе заврши овој карантински викенд, но за тоа изрази резерва, нагласувајќи дека ќе мора да се изјасни и Комисијата за заразни болести, која ќе заседава утре или во понеделник наутро.

Популарно