Вработените во СЈО најавуваат тужба против државата

Стотината вработени од Специјалното јавно обвинителство ќе поднесат колективна тужба против Република Македонија и без мака ќе ја добијат тужбата откако, поради пратеничките каприци и политичките кавги поради што во Парламентот е заглавен Законот за јавно обвинителство кој беше спас за нив, остаанаа без потписник на сметката и без шеф, објави „Слободен печат“.

Никој не знае кога тој закон ќе добие собраниски амин, па ќе има плата и здравствено осигурување за вработените во СЈО или тие уште долго ќе чекаат некој да се смилува за нивната судбина. Вработените, како што дознава Слободен печат, веќе се организираат за да поднесат тужба. Дали и кога таа ќе биде поднесена зависи само од нив.

За можната тужба и нејзиниот позитивен исход пред две недели лично и премиерот Зоран Заев ги алармираше пратениците побрзо да најдат решение оти ако е тужена државата, тоа нема да биде само финансиски терет за Буџетот, туку и голем домашен и меѓународен срам.

Позитивниот исход за вработените во СЈО е во новиот предлог закон за јавнообвинителска служба кој го изготви Министерството за правда. Во него, со дополнување на законот се наведува дека тие ќе бидат преземени под надлежност на Јавното обвинителство, а нивен иден шеф ќе биде републичкиот Јавен обвинител, па така со еден закон се решаваат сите досегашни маки на персоналот на СЈО.

Голготата на вработените во СЈО започна со притворањето на нивната доскорешна шефица Катица Јанева која беше единствен потписник на сите документи. Само во нејзино отуство, за одредени работи, како банкарските налози за исплата на плати, можеа да ги потпишат нејзините заменички, обвинителките Ленче Ристовска и Бети Јосифовска.

Но, откако обвинителите од СЈО беа преземени од ОЈО, стотината вработени во Специјалното обвинителство останаа без потписник на сметката. Веќе втор месец СЈО должи пари, не само на име плати и придонеси, туку и за услуги и комуналии. За сите долгови има доволно пари на нивната сметка, но нема кој да потпише.

Видео: Од 45 вработени во погонот со линдан во Охис, денес само еден е жив

Првиот човек кој се врабиотил во погонот со линдан во Охис, Реџеп Ајраловски денеска е единствениот жив сведок. Вели го спасил животот на село, но деновите поминати работејќи со линдан биле кобни за неговите колеги - 45 на број.

Без соодветна заштитна облека, во тешки услови во Охис работел и Киро Пешевски. Од живата и хлорот со кои 34 години бил во директен контакт и денес има потешкотии во дишењето и мора да пие лекови.

Вработена во мензата на фрабриката која не сакале да зборува пред камерата на Телма, изјавила дека тешко било дури и да се одржи и вегетацијата во дворот на Охис, од токсичната почва. Според изјавите на поранешните вработени, пред околу 40 години на еден систематски преглед сите вработени имале ист резултат – замастување на црниот дроб, заболување што може да е предизвикано од вдишување на хемиски супстанци.

Холандскиот сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Информација на неговиот Фејсбук профил ја сподели министерот за надворешни работи Никола Димитров.

По добивањето зелено светло од Холандија, Протоколот за НАТО ќе треба да го ратификуваат уште Франција и Шпанија со што земјава и формално ќе стане 30 полноправна членка на Алијансата.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави оти се очекува до крајот на ноември или до Лондонскиот самит да заврши ратификацијата и во Франција, по што останува само ратификацијата во Шпанија, за што поточни проценки ќе можат да се направат дури откако ќе биде јасна новата влада.

Според најавите, првата седница на шпанскиот Парламент ќе биде почетокот на декември. Секое шпекулирање сега, ќе биде само шпекулација. Многу внимателно ги следиме настаните, ја испраќаме континуирано пораката дека е многу важно за нас, но и за регионот, нашето членство час поскоро, изјави Шекеринска, која денеска изврши увид во новореновираните и комплетно опремени лаборатории во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”, во касарната „Гоце Делчев”, во кои е инсталирана напредна образовна технологија наменета за проектот за напредно учење на далечина.

Казна од 200 евра за родителите чие прваче беше избркано од училиште со полиција

Родителите на првачето од ОУ „Блаже Конески“ во Велес, кое сè уште не посетува настава затоа што ја нема примено потребната вакцинација, добија глоба од 200 евра.

Станува збор за случајот во кој првачето наводно било отстрането од настава со полиција, но како што информираа од СВР Велес, тоа не било бо контакт со полицијата.

Од здружението „Од нас за нас“ информираат дека детето било запишано во текот на мајскиот уписен рок, за да на 4 септември директорот усно им соопшти на родителите дека детето не е

примено.

Зошто е тоа така – родителите не добиваат писмен одговор. Немајќи писмен одговор, родителите продолжуваат да го носат детето на училиште, за да подоцна биде отстрането од настава со полициска асистенција.

Родителите поднесоа претставка до Инспекцискиот совет, по којашто тие не можат да се произнесат заради тоа што МОН сè уште нема доставено решение, вели Гордана Гоџо од Здружението.

Директорот на ОУ „Блаже Конески“ – Велес, исто така јавно го повикал МОН за решение за случајот.

По инцидентот со полицијата, родителите одлучуваат да почекаат официјално решение и известување, за детето да не трпи дополнителни психолошки трауми.

Од страна на ДПИ, на родителите деновиве им стигна прекршочен платен налог, со кој се одредува глоба од 200 евра, во денарска противвредност. Глобата е изречена според член 168, став 4 од Законот за основно образование: „Глоба во износ од 200-250 евра е предвидено за родителот, старателот ако не му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание“. Се прашуваме кој овде треба да биде казнет? По чија вина всушност детето не е во училиште?, прашуваат од Здружението.

Од „Од нас за нас“ додаваат дека додека Министерството за образование не може да се одлучи дали ќе го почитува Уставот, родителите и децата страдаат.

Популарно