Видео: Ова заслужува почит

На популарниот канал Youtube од наши сограѓани е објавено интересно видео, кое за неколку дена има 10 илјади прегледи. Авторите на истото наведуваат: „Ние сме тројца Кочанчани и започнавме да снимаме интересни видеа, спој од готвење и уживање во природата. Ова е нашето прво видео, па би сакале да добиеме критики и пофалби за да бидеме подобри во наредните видеа.“, велат авторите на видеото.

Видеото е професионално снимено и наликува на популарните ширум светот видеа за прешивување во дивина.

Погледнете:

Нејзините совети ќе ви се најдат

Вообичаено во месец  ноември започнува сезоната на закиселување зелка н, а ние ви откриваме рецепт според кој Слободанка Рончевиќ од Србија ја закиселува својата зелка.

Слободанка и нејзиниот сопруг садат зелки во својата нива.

-Имаме седум хектари зелка, што е повеќе од 20 тони зелка. Освен зелка, одгледуваме и компир – раскажала Слободанка.

Додава дека не бара многу внимание, како морковот или компирот, само треба многу вода и мора да се чува од црви и инсекти, болести кои можат да ја уништат.

Таа открила и како ја закисeлува зелката која ја подготвува за зимница.

-Луѓето обично количината сол ја одредуваат според количината зелка, а тоа е грешка. Процентот на солта зависи од големината на бурето, па на буре од 100 литри одат 3 проценти сол, што е околу 3 килограми. Зелката потоа се полева со вода, бурето добро се затвора и за три недели ќе имате највкусна и најдобра зимница.

За вкусна сарма таа вели потребно ви е:

1,5 килограми кисела зелка, 750 грама мешано мелено месо, 250 грама сyви свински ребра, 200 грама лут колбас, 100 грама димена сланина, 50 грама ориз, 2 главици кромид, 3 лажици брашно, мелен бибер, бибер во зрно, сол, ловоров лист, црвен пипер и масло.

Главицата кисела зелка раздвоете ја на листови. За филот издинстајте го кромидот, додадете го оризот и меленото месо, послете и забиберете. Тргнете од оган, изладите и додадете јајце и сецкан колбас. Со листови зелка и сланина обложете го садот во кој ќе се вари сармата. Направете сарми, па меѓу нив ставајте парчиња ребра и сланина. Посипете со црвен пипер, ставете ловоров лист и бибер во црно, налејте со вода и варете.

Добар апетит.

Толку од љубовта помеѓу Милјана и Милојко

Во ријалити шоуто  „Парови“ Милјана Божиќ и Немања Стаматовиќ Жабац скоро воопшто не се одвојуваат еден од друг.

Тие разменуваат нежности штом ќе  им се укаже можност за тоа, а сопругот на Милјана, Милојко повеќе не ги плаши – тие не обрнуваат внимание дали тој ќе ги фати на дело или не. Милјана и Милојко станаа популарни во регионот поради 53 години разликата во години. Тие сега учествуваат во реалното шоу „Парови“ каде јавно споделуваат што се случува во нивната врска. Она што е сега интересно е што Милјана има љубовник, кој исто така е оженет, но одлучила да стави крај на својот брак кога ќе излезе од реалното шоу.

„Јас се разведувам од Милојко штом излезам од овде“, рекла таа.

Фото: Една сцена од новата серија направи збрка

Синоќа беше емитувана првата епизода од втората сезона на серијата „Сенки над Балканот“ во која се емитуваше сцена која со својот експлицитен настан  шокираше многу гледачи .

Имено,  неколку моменти гледачите имаа можност да ги видат напнатите сцени, кои ги приредија актерките Марија Бергам и Леона Парамински,  за кои не  престанаа коментарите  после емитувањето.

Хрватската актерка  во една сцена ги допираше градите на Марија, предизвикувајќи контроверзии кај публиката.

Леона Парамински во серијата го толкува ликот на Марија Оршиќ во серијалот, додека Марија Бергам ја игра Маја Давидовиќ, која е една од главните ликови во ова дело.

Ликот на Марија Оршиќ е интригирачки затоа што во нејзината биографија се вели дека таа имала страст кон окултното уште од млада возраст, па наводно комуницирала со духови како дете. Веќе како млада девојка, таа се приклучила на круговите на жестоките германски националисти кои се залагале за обединување на Германија и Австрија.

Патем, Леона не живее долго на Балканот и се пресели со својот сопруг во Америка.

Популарно