Од денес ова задолжитено да го имате во вашите возила

Од денес15 ноември до 15 март треба задолжително да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.

Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:

зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 x 4) се подразбира:

зимски пневматици на сите четири тркала,со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. 

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:

зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка  на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата,во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Придржувањето кон законската обврска за поседување на зимска опрема овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата  во зимски услови.

Собирот на алумнисти на Стартап академијата од подрачјето на Западен Балкан ги обедини стартапите

Дали само големите компании создаваат работни места? Не неопходно. Стартапите исто така можат да креираат работни места, а тоа со свој пример го покажаа 30 вакви компании, кои директно или индиректно, овозможија вработување на речиси 100 луѓе во регионот на Западен Балкан. Ова е извонреден резултат за ова подрачје, каде што претприемачите се уште наидуваат на потешкотии при разработувањето на компанијата , во најголем дел поради недостаток на механизми на поддршка и сиромашни извори на високоризичен претприемачки капитал. Поради тоа, сумата од 1,8 милиони евра инвестиции, која овие стартапови ја собраа или се во процес на собирање, ја прави уште повредна.

Основачите на 30 успешни стартапи од подрачјето на Западен Балкан посетуваа програма за развој во рамки на неодамна основаната Стартап Академија. Програмата се состои од обуки од областите кои се најважни за развој на стартапите (собирање средства, презентирање на производите, стратегија на продажба и развој) и од Демо денови, кога претприемачите беа во прилика пред жирито да ги претстават своите проекти и да се умрежат во тек на “Сараево Unlimited” и “Podim” конференциите. Стартап академијата се одржа во организација на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, проект што го спроведува Германската организација за интернационална  соработка - Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а го финансира  германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).

Во септември 2019 година во Виена се одржа манифестацијата Alumni Startup Academy Event, која за прв пат ги собра сите учесници на програми и им овозможи да споделат искуства, примери за успесите и да ја зајакнат поддршката на регионалната стартап сцена. Дел од програмата беше и присуството на настанот “1 Million Start-ups Conference”, каде многу учесници имаа прилика да земат активна улога како панелисти, да ги претстават своите идеи и да ги споделат приказните за своите претпријатија.

Матеја Живадиновиќ, основач на стартапот Волонтер, платформа која на ефикасен начин ги организира волонтерите, вака го опиша своето искуство: „Оваа програма ни овозможи да ги зацврстиме врските во регионот, да пронајдеме заеднички претприемачки цели и да учиме едни од други. Ваквите собирања се навистина неопходни за да се воспостави регионална соработка и да се овозможи учење врз примерите на добрата пракса, како на подрачјето на западниот Балкан, така и пошироко. Преку програмата добивме пристап до многу корисни претприемачки знаења и вештини и поддршка од заедницата на претприемачи“.

Дека резултатите од програмата се импресивни, потврди и водечката експертка на Стартап академијата Селма Продановиќ, која медиумите ја нарекуваат највлијателна дама на австриската стартап сцена: „Напредокот кој го направија стартапите по одржувањето на академијата е неверојатен. Не само што поединечно го подобрија својот учинок во погледот на пласирање на своите идеи и остварување контакти со инвеститорите, туку исто така оформија група претприемачи кои едни на други пружаат поддршка. Што е најважно, тие ќе ги инспирираат и наредните генерации претприемачи“.

ГИЗ во иднина ќе продолжи да го поддржува прекуграничното вмрежување на претприемачи и стартапи преку Отворениот регионален фонд и својот проект Промоција на надворешната трговија.

А во Прилеп две жени тешко повредени во сообраќајка

Синојка околу 18.30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп, камион „мерцедес“ управувано од Н.Х.(47) од прилепското село Лажани удрило во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.

Во незгодата, пешаците здобиле тешки телесни повреди и со возило на Итна помош биле пренесени во општата болница во Прилеп.

Во Куманово пак околку 20.30 часот на улицата „11 Октомври“,товарно возило „опел вивара“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(31) од с.Опае-општина Липково, удрило во пешак Г.А.(21) од Куманово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Откако ја забележал полицијата, фрлил во двор чанта со кокаин

Вчера околу 20.45 часот во двор од куќа во гостиварската населба Грудајца, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар пронашле чанта со околу 30 пакувања марихуана и кокаин.

Чантата во дворот ја фрлил С.И.(22) од Гостивар, откако ги забележал полициските службеници.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Популарно