Во Врање таткото и подлегнал на заразата, мајката хоспитализирана, деца сами дома

Вирусот корона влијаеше погубно и на четиричлено семејство од Врање, Србија. Таткото отишол во болница да се лекува од вирусот корона, ама не се изборил со заразата. Мајката била однесена во болница на денот на неговиот погреб, иако денови пред тоа, во куќна изолација, имала симптоми на вирусот корона. Дури тогаш била тестирана, па хоспитализирана. Децата на возраст од 16,14 и 9 години останале сосема сами во семејниот стан, пренесува Нова.рс.

Како што наведува изворот, тие имаат роднини кои би можеле да ја преземат грижата за нив додека да се врати мајката од болница, ама единствена препрека е што тие не се тестираат за присуство на вирусот.

„ДОДЕКА ТАТКОТО БЕШЕ ВО БОЛНИЦА, МАЈКАТА НА ДЕЦАТА ЦЕЛО ВРЕМЕ ИМАШЕ СИМПТОМИ. БЕШЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА СО ДЕЦАТА, НИКАДЕ НЕ ИЗЛЕГУВАА. ТАТКОТО ВО ЕДЕН МОМЕНТ СЕ ПОЧУВСТВУВА ПОДОБРО, БЕШЕ РЕЛАТИВНО МЛАД, НА 45-ГОДИШНА ВОЗРАСТ, АМА БЕШЕ ДИЈАБЕТИЧАР И ПОЧИНА ОД ПОСЛЕДИЦИ ОД ВИРУСОТ КОРОНА. СЛЕДНИОТ ДЕН БЕШЕ ПОГРЕБАН, А МАЈКАТА БЕШЕ СМЕСТЕНА ВО БОЛНИЦА И ТЕСТИРАНА. ТОА БЕШЕ ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА. ДЕЦАТА СЕ ОТТОГАШ САМИ. ИСПЛАШЕНИ СЕ, БИДЕЈЌИ ПО СМРТТА НА ТАТКОТО И МАЈКАТА НЕ Е СО НИВ, НАВЕДУВА ИЗВОР ЗА НОВА.РС.

Од телевизијата пренесуваат дека не успеале да стапат во контакт со надлежните лица и да добијат одговор од Институтот за јавно здравје на Србија за тоа која е процедурата во вакви случаи кога родителите, односно старателите се позитивни на вирусот корона и се однесени на болничко лекување, или починати како последица на вирусот.

Во меѓувреме, децата остануваат сами.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно