Бојан Велевски: Живееме во сиромашна држава во која сите сакаме да покажеме колку сме богати!

Марија и Дани заедно во поткастот „Your financial coach“ дискутираа на тема брзи кредити, а гости се стенд ап комичарот и актер Бојан Велевски, лајф коучот Жарко Костиќ и адвокатот Весна Дишлијовска. Се разговараше за тоа дали се штетни брзите кредити, кој се ги користи и дали треба да постојат или пак да се укинат. 

Во Your Financial Coach подкастот зборуваше и за кога е паметно да се земе брз кредит, а кога е опасно да се подлегне на желбата за брзи пари? Општествениот притисок ги тера луѓето да ги затворат очите пред договорот со големи камати. Микс на чувства се јавува кога имаме долгови. Се.разви дискусија во која ги анализирате брзите кредити од различни перспективи.

Целито подкаст на следниот линк:

 

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Бил Гејтс е загрижен дека ќе ја изгуби работата

Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, неодамна изрази загриженост дека вештачката интелигенција може да ja преземе неговата работа и покрај тоа што е еден од нејзините најголеми поборници.

Во една епизода од неговиот поткаст Unconfuse Me with Bill Gates тој разговараше со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, каде што ги сподели своите ставови за брзината на напредокот на технологиите за вештачка интелигенција за кои вели дека го изненадиле со нивната ефикасност.

За време на разговорот тие допреа до теми, како што се GPT-5, суперинтелигенција и видеоспособности, кои доаѓаат на ChatGPT.

Гејтс призна дека е скептичен кон вештачката интелигенција и дека не очекува чет-ботови, како ChatGPT, да бидат толку способни да извршуваат сложени задачи.

Еден од најважните моменти на поткастот беше кога Гејтс го изрази својот страв дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето на многу работни места.

Популарно