“Злато мое, ќе те најде тато”: Со потресни зборови за првпат се огласи таткото на исчезнатата Данка

“Злато татино, тато ќе те најде! Свету мој мал!”

Со овие зборови првпат проговори Милош Илиќ, таткото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2) , откако на социјалните мрежи трага по неговата ќерка.

Според соседите и полицајците кои учествуваат во потрагата и истрагата, веста за исчезнувањето на детето најдраматично ја примил таткото на малата Данка, поради него синоќа дошла брзата помош со оглед на тоа дека му се слошило од стресот.

Како мина синоќа потрагата по исчезнатиот Данко

Потрагата по Данка траеше цела ноќ , при што температурата во Бор и неговата околина се спушти на само 6 степени Целзиусови, додека дождот за кратко престана. 

Припадниците на Планинарската спасувачка служба објаснија дека во нормални околности тоа се добри услови за потрага, но дека секоја минута е важна бидејќи се уште се работи за двегодишно девојче.

Синоќа хеликоптери заедно со дронови полетаа и покрај затемнувањето и го пребаруваа теренот со термални камери. Над местото каде што исчезна Данка Илиќ има пат до шума која не е густа, но во која има многу густа вегетација.

Да потсетиме, исчезнатата Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот околу 13 часот во приградската населба Бањско поле кај градот Бор. Потрагата по девојчето се уште трае, а како што соопшти полицијата, акцијата траела цела ноќ.

Имено, како што изјави за „Блиц“ мајката на девојчето, таа била со синот во Бањско поле кога девојчето исчезнало .

– Детето беше облечено во виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, со врзана коса. Одговара на името, но сеуште е мала, уште не зборува. Луѓето пријавиле дека е видена во близина на зграда, но ја нема – изјавила во првата изјава преплашената мајка на девојчето.

Полицијата трага по 76-годишен кавадарчанец кој е пријавен за исчезнат

Портпаролка на СВР Велес Биљана Ѓаковска денеска извести дека во кавадаречко било пријавено исчезнување на 76-годишно лице, по кое се уште се трага.

- Вчера во 10.30 часот, во ОВР Кавадарци, К.С.(74) од Кавадарци пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(76), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Дознаваме дека лицето го бараат полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти. 

Се заканувал со автоматска пушка во казино и украл 4000 евра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

-На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин осомничениот сторил кривично дело – Разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани

„На 25.04.2024 во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје“, информира МВР.

Како што соопштија од полицијата, во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп. 

Популарно