Вработување во Tezenis, Дуна, Пивара Скопје!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Техномаркет е промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КИ ВО КАВАДАРЦИ

Фејдом е светски производител на гарнитури произведени во Македонија, од кои 95% се за извоз во Европа, Канада и Америка. Повеќе од 15 години е препознаен по својот модуларен и прилагодлив дизајн, како и високиот квалитет.

Моментално вработува:

ЛЕПАЧ (М/Ж)
ПОЛНЕЊЕ НА ПЕРНИЦИ

ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.

Моментално вработува:

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛИ СКОПЈЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Tezenis беше лансиран во септември 2003 година, во близина на Верона, Италија, со цел да се создаде бизнис во продажба на долна облека, домашна облека и пижами за мажи, жени и деца, преку продажна мрежа за франшиза. Од 2003 година, Tezenis има отворено повеќе од 190 продавници главно во Италија и во Европа.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - EAST GATE MALL

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - ХОРЕКА СТРУГА И ДЕБАР (М/Ж)

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРИЧАР
CONTROLLING SPECIALIST
ДИПЛОМИРАН ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕНЕРГЕТСКА НАСОКА
КОНТРОЛОР НА ЛИМ
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
КОНТРОЛОР ЗА УЛТРАЗВУЧНО ИСПИТУВАЊЕ НА ЛИМОВИ
ЛЕАР

EРИ Корпорација е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ПОРАЧКИ
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЛОГИСТИКА
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија, посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување.

Моментално вработува:

СЕРВИСЕР НА МУЛТИФУНКЦИСКИ УРЕДИ

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Цветници е единствениот празник на кој треба да работите

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела.

Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан.

Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар.

Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Популарно