Чудотворната моќ на Говедаров камен во Овче Поле

На Ѓурѓовден овде секоја година доаѓаат многу луѓе од земјава и од странство кои бараат лек за својата неплодност

Симона, Омер, Даниела, Сенад, се само четири деца од четириесетте родени во минатата година благодарение на Говедаровиот Камен. Нивните родители пред две години на Ѓурѓовден биле овде со надеж дека, по долго лекување на стерилитет, ќе добијат принова во семејството.

- Чудо или верување во чуда, психологија или не, не можам да објаснам, но доказот го гледате - со солзи в очи објаснува Мирјана, мајката на Симона.

Каменот е вистинско чудо. Среде рамното Овче Поле, на левата страна на селото Ерџелија, на околу шест километри од Свети Николе се издига огромен камен, меѓу народот попознат како Говедаров Камен или „симбол на женска радост“.

Сите се добредојдени, без разлика на религијата

На Ѓурговден секоја година овде доаѓаат многу луѓе од земјава и од странство. Овде нема поделба по религии, по политичка припадност и по финансиска моќ. Сите се млади брачни парови кои бараат лек за својата мака. На овој празник, пред каменот за кој велат дека има чудотворна моќ, секој си замислува желба и се обидува да откорне парче од каменот, бидејќи постои верување дека ако успее, ќе му се оствари посакуваната желба и следната година ќе има новороденче. Феномен е што, без разлика на тоа колку луѓе ќе дојдат кај каменот, секоја година се раѓаат по 40 деца.

Овде, секоја жена што нема деца доаѓа кај каменот на Ѓурѓовден и бара кум, кој ~ помага да го изведат традиционалниот ритуал. Кумот на каменот им објаснува на невестата и на момчето како да го сплетат коланот. Младите парови со црвена и со бела волница трипати ја обиколуваат карпата. Невестата се качува на карпата, се мие од водата од врутокот што извира среде карпата. Коланот се плете и потоа кумот ~ го врзува на половината на невестата. Во него се плете и каменчето што идната мајка го откршува од карпата.

Белата боја е симбол за ново, црвената за плодност. Жената го носи појасот до наредната година. Ако роди дете, наредната година со новата рожба доаѓа на каменот - вели чичко Киро, кој веќе шести пат е кум. Има осум дечиња што ги крстил. Киро вели дека кога ќе се роди новата рожба, родителите доаѓаат на каменот со детето, носејќи подароци, најчесто јагне, машко или женско, во зависност какво е детето.

Чудотворни излекувања

Во манастирчето покрај каменот луѓето што го одржуваат велат дека биле сведоци на многу чудотворни излекувања.

- Сме биле живи сведоци на многу стотици мајки кои не можеле да имаат деца, кои современата медицина ги прогласувала за безнадежни случаи, а другата година се враќале со нова рожба и со среќни лица - раскажуваат клисарите. За нив оваа е света земја, тука доаѓале лекари и гинеколози.

- Да ви раскажувам с` што сум видел ќе ми треба најмалку три дена. Никој, ама баш никој не може да ја објасни чудотворната мистерија на ова место, ова свето поле, оваа света македонска земја - вели еден од нив.

Уште многу одамна овој камен бил наречен Говедаров. На него се качувале говедарите за да видат дали пасат стадата говеда и овци. Легендата вели дека ранетите Самуилови војници биле праќани во полето за да го бараат единствениот Говедаров Камен. Тие се замивале од водата што извира на каменот.

Легендата за царот кој сакал машко дете

Верувањето меѓу народот дека овој камен има моќ да ја лекува неплодноста кај жените се темели на една легенда:

Многу одамна некој цар имал само ќерки. Затоа, кога царицата повторно забременила, тој пред да замине во војна ~ се заканил, доколку пак му роди женско дете, да не го чека. Царицата родила машко дете, но нејзините дворјанки, во големиот страв го замениле детето, мислејќи дека пак ќе биде женско, со едно циганче. Кога се вратил, царот ја слушнал саканата вест: царицата му родила син. Годините минувале. Несудениот царски син растел и с` повеќе ги покажувал особините на својот цигански род. Напоредно, вистинскиот царски син, како цигански посинок, ги чувал селските говеда. Но и тој ги покажувал сите знаци на своето потекло. Ги чувал говедата околу овој камен и се замислувал дека тие се војска, а тој од каменот командува како вистински цар. На царот му станало сомнително однесувањето на лажниот син. Затоа еднаш, заканувајќи се со најлошото, ги натерал дворјанките да ја кажат вистината. Кога ја дознал, веднаш со својата придружба пошол да го бара вистинскиот син. Царот го нашол својот син седнат на каменот. Сакајќи да провери дали навистина говедарчето што седи на каменот е неговиот син, го прашал колку вреди тој како цар, облечен во златни алишта и со сета своја придружба. Говедарчето го погледнало и му рекло: „Што е твоето богатство во однос на еден убав априлски дожд врз ова поле“. Тогаш царот сфатил дека тоа е неговиот син и прегрнувајќи го, ги благословил сите оние што немаат деца да доаѓаат овде и да си најдат лек за својата мака - раскажуваат жителите на Анзибегово, Пеширово, Ерџелија кои секоја година традиционално доаѓаат да го прослават празникот.

Јагне за секое дете

Родителите на децата што се родени во минатата година, на Ѓурѓовден овде носат јагне, обично машко, како подарок за каменот. Јагнето тука се коле, на специфичен начин кон исток, главата останува, а со месото се прави гозба во семејството на новороденчето.

Д-Р Митов: „Нашите генерации им го згорчија зборот држава на младите“

Животни приоритети и принципи е темата во новото издание на „Нешто конкретно“. Нашите гости зборуваат за тоа како ненормалното стана нормално и како кршењето на правилата стана правило.

 Проф. Д-Р Аце Миленковски, Д-Р Александар Митов, Дина Јашари и Сања Ристиќ на едно место и со многу слични но и различни приоритети. На почетокот на емисијата зборувајќи за почитта, како ја стекнал, каде, со кого и кон кого, ректорот на Универзитетот Скопје, Аце Миленковски ги испочитува гостите и водителката Снеже Велков со подароци кој им ги подели во студиото. За него најголем приоритет во животот е верата. „Се родивме овде во Македонија нашата вера ја определија бабите, дедовците, нашите родители и таа е преубава вера на која што ние и припаѓаме овдека во оваа држава, без верба во Бога ништо не правиме” рече тој и ја издвои пораката на Трамп дека никој не смее да се смета како најважен и најголем освен Бог.

Сања Ристиќ најголем приоритет си е самата себе, како мајка на две деца таа смета дека децата можат да бидат среќни и здрави и здраво да се развиваат само ако имаат среќна и здрава мајка. Таа истакна дека тој приоритет не значи оти треба да се грижи за својот физички изглед односно да си посетува масажи и фризери, туку работа на сама себе да живее во мир и спокој на душата, бидејќи само така може да делува и да биде добра мајка, добра партнерка и добра во кариерата.

 Д-Р Митов зборуваше за тоа како на младите во Македонија зборот држава им е згорчен. „Ние нашите генерации им го згорчивме зборот држава на младите, ги потсеќа на корупција, криминал и разно разни глупости и кога ќе им се каже зборот држава ги потсеќа на лошо“. Негов најголем приоритет во животот е секако семејството, но меѓу другите приоритети ја издвои својата градина каде вели дека собира енергија за сите останати обврски во текот на денот, единствено му е жал што нема повеќе време да им посвети на пријателите.

Дина Јашари се пожали од условите во државните факултети, студентските домови и потсети на тоа дека за разлика од нас во Љубљана постои бесплатно студирање и условите не се споредуваат. Но и покрај се оваа млада пејачка стои на тоа дека не сака да се отсели од Македонија за евентуална подобра иднина како што тоа го прават нејзините врсници. Разликата во возраста на нашите гости фантастично ги прикажа приоритетите на секоја една генерација кои секако со годините се менуваат.

Гледајте ја емисијата на нашиот канал на YouTube, а новата веќе следната недела од 17.00 часот на Телма.

НЕ ЗАПИРА ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ЗА ЛЕОНИД - DNK ја лицитира Златната бубамара, сумата достигна 150 илјади евра

Владимир Блажев од ДНК преку фејсбук информира дека утре во 22 часот завршува лицитацијата на нивната награда Златна бубамара, за хуманитарната помош за лекување на Леонид Индов, чија сума досега достигнала 150.000 илјади евра. 

Еден од лицитаторите исплатил 90 илјади евра.

„Другари ЛЕО видно расположен ви испраќа голем поздрав од Виена и ви се заблагодарува на сите вам за безрезервната поддршка која му ја давате изминатиов период, а посебно последнава недела.Да ве потсетам дека лицитацијата на Златната бубамара завршува утре во 22ч, а највисоката понуда до сега изнесува 150.000 денари. Начинот на лицитирањето ви е веќе познат. Ја пишувате сумата во коментар на мојот инстаграм (djshortypofficia) пост или на DNK фан страната на ФБ“, пишува Владимир Блажев.

Популарно